Во Соединетите држави тече истрага околу убиствата извршени вчера од офицер во воената база во Тексас.
Убиени се 12 војници и еден цивил откако мајорот Нидал Малик Хасан, инаку воен психијатар, отворил оган во медицинскиот центар а потоа бил ранет од жена-полицаец.
Воен портпарол рече дека мајорот Хасан и повеќето од ранетите се во стабилна состојба во болницата и дека е прерано да се открие мотивот за постапката.
Тој потврди дека мајорот Хасан, кој е Муслиман, наскоро требало да биде префрлен во Авганистан.
Негови колеги велеа дека тој не бил задоволен од наводно расно малтретирање.
Претседателот Барак Обама рече дека е страшно што војниците се убиени на американско тло, и вети целосна истрага.
Тој сепак побара да не се избрзува со заклучоците околу мотивот на постапката.