Норвешката штафета победи на крос кантри трката 4 х 5 километри (класично и слободно) и со тоа нејзината членка Марит Бјерген стана најуспешна натпреварувачка досега на 21. Зимски олимписки игри во Ванкувер со третиот освоен златен медал. Втората позиција им припадна на Германките, а трети беа репрезентативките од Финска.
Изненадувањето на денот го напарви 20-годишната Германка Викторија Ребенсбург, која победи во женскиот велеслалом. Втората трка се возеше 24 часа подоцна од предвидениот термин поради магла на патеката. Во такви услови Ребенсбург имаше добри возења и стигна до својата прва победа во кариерата што значеше олимписко злато. Само четири стотинки заостана Тина Мазе од Словенија, која пак го освои второто сребро на Игрите, а трета беше водечката по првата трка Елизабет Гергл од Австрија.
Во уметничко лизгање кај жените очекувана распределба на медалите без натпреварувачки од Европа. Светската шампионка 19-годишната Ју На Ким од Кореја стана и олимписка. Среброто го освои Мао Асада од Јапонија, а бронзата Жоан Рошет од Канада.
Во нордиска комбинација Американецот Бил Демонг по титулата светски стана и олимписки првак. Среброто го освои неговиот сонародник Џони Сплејн (трет сребрен медал во Ванкувер за него). Бронзениот медал му припадна на Герхард Грубер од Австрија.
Во слободно скијање – дисциплина скокови првиот златен медал за Белорусија го донесе Алексеј Гришин, пред Американецот Џерет Петерсон и Зонг Џинг Лиу од Кина.
Со двата гола на Мари – Филип Пулин во првата третина Канада ја совлада селекцијата на САД во финалето на женскиот турнир во хокеј на мраз. Резултатот од 2:0 на крајот беше и конечен и хокеарките на Канада третпат по ред станаа олимписки шампионки. Во малото финале Финска со голот на Раинтамаки во продолжението ја победи Шведска со 3:2 (2:2 беше во регуларниот дел) и го освои бронзениот медал.
Денеска на 15 ден на Игрите медали ќе се делат во слалом, сноуборд и натпреварите во карлинг кај жените, три натпревари има во шорт трек и бијатлон кај мажите. На програмата се и полуфиналните натпревари во машкиот хокеј САД – Финска и Канада – Словачка.
САД се и натаму најуспешни со 32 медала (8 златни, 12 сребрени и 12 бронзени), Германија има 26 (8,11,7), Канада 17 (8,6,3).