Вооружени маскирани напаѓачи упаднаа денеска во
хотелот во кој се одржуваше најголемиот турнир во покер во Германија и
избегаа со главната награда од еден милион евра.
Полицијата, како што пренесува еРепортер, го потврди грабежот, извршен во хотел со пет ѕвездички во Берлин.
„Неколкумина маскирани и вооружени разбојници влегоа во хотелот
Гранд Хајат и избегаа со главната награда“, соопшти вечерва
портпаролката на полицијата Хајди Вогт.
Таа додаде дека „неколкумина ученици на турнирот се полесно повредни, бидејќи инцидентот предизвикал помала паника“.
Според информациите што на својата интернет страна ги објави
дневниот евсник „Берлинер Тагесцајтунг“ шестмина разбојници вооружени
со калашњикови и рачни бомби, однеле плен од еден милион евра, пари од
наградниот фонд на турнирот во покер.
Четворица од нив упаднале во хотелот, кој се наоѓа во центарот на
германската престолнина, а другите двајца чувале стража на влезната
врата.
Меѓу учесниците на турнирот бил и прославениот германски тенисер
Борис Бекер, но тој испаднал од играта пред да биде извршен грабежот.