| |
Лидерите на трите главни британски партии - Гордон Браун од Лабуристите, Дејвид Камерон од Конзервативците и Ник Клег од Либерал-демократите |
пред општите избори во Британија, кои се очекува да се одржат до
почетокот на јуни, БиБиСи прашува
каква ќе биде улогата на интернетот во изборниот
процес?
Интернетот помогна при изборот на
Барак Обама на американските претседателски избори во 2008-та со
објавување политички информации,
ангажирање на младите гласачи, па дури и за собирање
пари.
Но, дали мрежата ќе одигра слична
улога на престојните парламентарни избори во Британија?
Чарли Бекет, директор на институтот
за медиуми „Полис" се сомнева дека улогата на интернетот ќе биде
доминантна.
-„На овие избори интернетот нема да
биде решавачки, но ќе биде навистина интересна состојка. Нема да биде
најважен ниту меѓу
гласилата. Телевизијата ќе биде уште поважна отколку
порано, бидејќи за прв пат ќе се одржуваат дебати меѓу лидерите на
главните
партии. Но сепак ќе им даде шанса на луѓето да
придонесат во предизборната дискусија преку блоговите, преку коментарите
на
'Твитер' и 'Фејсбук'.“
„Моќ 2010" е уникатна граѓанска
кампања, која го користи интернетот како алатка за враќање на правото на
одлучување во рацете
на граѓаните.
Интернетот го овозможи создавањето
мрежа од организации и поединци, кои заеднички лобираат за пет клучни
реформи кои граѓаните
сакаат да ги видат од следната Влада.
Вака се отвора можности за
вклучување на граѓаните во предизборниот процес. Но сепак, тоа е далеку
од решавачка улога, категоричен
е Бекет:
-„Економијата, па дури и климата
можат да бидат поважни фактори. Но овој пат изборите во Британија ќе
бидат различни, заради
тесната трка меѓу главните два политички блока. Кога
1% или 2% од гласовите можат навистина да бидат решавачки, тогаш
почнуваме
да гледаме на фактори како Интернетот и другите нови
медиуми и на нивното влијание за добивање или губењето клучни гласови.“
Иако порано Конзервативците ја водеа
битката на интернет фронтот, сега Лабуристите и Либерал-демократите им
се приближуваат.
На „Твитер" водат Лабуристите, а
сопругата на Гордон Браун, Сара, има еден милион поддржувачи.
Конзервативците ја насочија борбата
на „Фејсбук" додека битката на „Ју-Тјуб“ се' уште не беше објавена.
Но ако судиме од американското
искуство, како што се доближуваат изборите, политичката битка ќе се
прошири на сите интернет
платформи.