Македонија нема милјардери, но има стотици
милионери
Во Македонија нема милијардери, но се
знае за неколку стотини домашни милионери.
Тие, како што пренесува Дојче веле (ДВ), поседуваат акции во милионери
Во Македонија нема милијардери, но се
знае за неколку стотини домашни милионери.
металната индустрија, рударството, шпедицијата, медиумите,
фармацевтските куќи, како и во болници, банки.
Во време на економска рецесија, лани македонски бизнисмен како чист
приход за оданочување пријавил 15 милиони евра. Една година пред овој
фискален период, скопски и битолски бизанисмен, сопственици на компании,
заработиле 20, односно 30 милиони евра профит, што предизвика и
вчудоневиденост и кај даночните служби. Истовремено, газда на една
позната профитабилна ИТ компанија, стекнал 30 милиони евра приход од
купопродажба на акции во време кога македонската берза бележеше подеми и
падови, од најскапи до најефтини акции на пазарот на капитал.
Се‘ повеќе богаташи ги пополнуваат даочните годишни пријави во март,
кога „фискалците“ ги тријат рацете, зашто од овој дел на даноците се
полни и буџетот.
„Нема отпор кон богатите, нема и страв кај нив поради евентуалните
дилеми во јавноста - од каде им е стекнатото богатството. Со добра и
стимулативна даночна политика, Владата успеа да ги охрабри бизнисмените
да го пријавуваат во земјата својот профит, наместо да го изнесуваат на
странски острови и преку оф шор комапнии“, вели за ДВ универзитетскиот
професор Ванчо Узунов.
Тој меѓудругото појаснува и дека македонските претприемачи својот
капитал го создадоа во време на распадот на Југославија, преку 2-3
извозно-увозни компании во триаголникот Москва-Виена-Киев. Потоа
следуваше неправедната приватизација и обезвредннување на пазарните
вредности на компаниите што беа во државна сопственост.