Македонија
претседава со Советот на Европа
Приоритетите за наредните шест
месеци ги претстави министерот за надворешни Антонио Милошоски пред
Комитетот на министрите,
извршното тело на Советот на Европа.
Она што по обичај треба да е
протокол, се надополни со дискусија меѓу Милошоски и неговиот грчки
колега по функција Димитрис
Друцас за употребата на терминот „македонско
претседателство“ поради долгогодишниот спор за името на земјата.
Македонија во наредните 6 месеци ќе
се фокусира на прашањата поврзани со зајакнување на заштитата на
човековите права, поттикнување
на интеграцијата со почитување на културната,
јазичната различност, промоција на програма за младите.
Агендата ја презентираше
македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски на
денешната 120 министерска сесија
на која официјално го презеде претседавачкото место од
Швајцарија.
Во изјавата потоа, Милошоски најави
придонес во реформата на Советот на Европа за зајакнување на неговата
улога:
-„Сметам дека Советот на Европа е
една институција која што се наоѓа на крстопат и треба да се одлучи дали
Советот на Европа
ќе остане да биде еден бирократски диносаурус кој има
мала политичка релевантност или ќе се преобрази во една организација
којашто ја носи одговорноста за човековите права, за
владеењето на правото и за стандардите на 800 милиони Европејци“, оцени
шефот на македонската дипломатија.
Генералниот секретар на Советот на
Европа, Торбјорн Јагланд кажа дека императив треба да биде заострување
на инструментите
за заштита на човековите права:
-„Во тој контекст Судот за човекови
права е клучен, затоа што тој поради својот успех е пренатрупан со
случаи. Мораме да направиме
нешто за да биде способен да се справи со сите
предмети во наредниот период. Во спротивно ќе се изгуби довербата што ја
има
кај граѓаните“, рече Јагланд.
Официјална забелешка
Зад дипломатските изјави, на
затворениот дел од состанокот, по обраќањето на Милошоски, грчкиот шеф
на дипломатијата Димитрис
Друцас, упатил официјална забелешка за употребата на
терминот „македонско претседателство“.
Оценил дека ова е спротивно на
резолуцијата на Обединетите нации за употреба на референцата ФИРОМ во
сите институции и дека
позицијата ја користи за промоција на политички цели.
Милошоски го отфрлил ова со став
дека Македонија само ја следи досегашната практика, земјата претседавач
сама да одлучува
за насловот.
Дека балканскиот билатерален проблем
за името не е единствена тема покажуваат заклучоците од денешната
министерска сесија
во која се споменува состојбата во Босна и
Херцеговина, во Грузија, преговорите со Европската унија за приклучување
кон Конвенцијата
за човекови права.
претседава со Советот на Европа
| |
Приоритетите ги претстави министерот Милошоски |