P U T N I K - F O R U M

FORUM PUTNIK
REGISTRACIJA:

*Kako ne bi neko "brljao" po porukama koje ste ostavili i kako biste u potpunosti iskoristili
mogućnosti foruma, morate se registrovati i tom prilikom odabrati za sebe korisničko ime i
lozinku.
*Učešće u radu foruma je besplatno i omogućuje vam sledeće:
* Da postavite novu temu za diskusiju
* Da učestvujete u postojećim diskusijama
* Da uređujete/prepravljate svoje poruke
* Da primate e-mailom obaveštenja kad neko odgovori na vašu diskusiju i teme koje ste odredili.
* Da šaljete lične poruke drugim korisnicima foruma
* Da u kalendar unosite događeje koji su bitni za vas
* Da podesite spisak 'prijatelja' kako biste brzo mogli da vidite ko je od vaših prijatelja
*Osim imena i lozinke neophodno je da upišete i e-mail adresu.
*Unošenjem e-mail adrese
nećete biti 'otvoreni' za neželjene poruke (spam) pošto možete da sakrijete adresu tako da
je onaj ko vam šalje poruku preko ovog foruma ni na koji način ne može otkriti. (Da biste
ovo proverili, možete poslati poruku drugom korisniku foruma.)
Administrator može zahtevati da vam završni deo registracije bude poslat e-mailom, kako bi se uverio da je vaša e-mail adresa važeća i u funkciji.

DOBRODOSLI NA FORUM "Z A H V A LJ U J E M O" NA VASEM PRISUSTVU
P U T N I K - F O R U M

PRIJATAN BORAVAK NA FORUMU PUTNIK ŽELI VAM ADMINISTRACIJA SAJTA I FORUMA Druženje, Upoznavanje, Chat, Zabava,Muzika, Humor,Filmovi, Crtaći, Omoti,Vesti, Vicevi,Oglasi,Zanimljivosti, Igrice, Sport, Programi ...

 Da bi imali odlican pregled Sajta,koristite IE-pretrazivac i rez:1280x800. Da bi vam brze otvarala Index stranica,potrebno vam je minimalna brzina.
(OBAVESTENJE) Nijedan od fajlova na ovom sajtu nisu hostovani na nasem serveru.Linkovi su napravljeni/generisani iskljucivo od samih korisnika. Administratori, vlasnici, sajta http://putnik.serbianforum.info/index.htm Nisu odgovorni za ono sto korisnici pisu ili ostavljaju putem linkova, niti za bilo koje delo korisnika.Nemojte koristiti ovaj sajt za distribuciju ili download bilo kakvog materijala, ukoliko nemate legalna prava za to.Vasa je odgovornost ukoliko dodajete, distribuirate i downloadujete slicne fajlove.

Приступи

Заборавио сам шифру!

Vreme Beograd

Prevision del Tiempo en Belgrado

    Франција на чекор до забрана на бурката

    Share
    avatar
    Ambasador
    Admin
    Admin

    Broj poruka : 205
    Poeni : 573
    Reputation : 2
    Datum upisa : 04.09.2009
    Godina : 39
    Lokacija : Makedonija

    Франција на чекор до забрана на бурката

    Порука by Ambasador on Thu May 20, 2010 1:54 pm

    Француската намера да усвои закон за општа забрана за носење на фереџе, традиционална муслиманска марама која го покрива лицето на жените, наиде на реакции не само во таа земја и кај муслиманите кои живеат во неа, туку и кај нивните сонародници во Европа и пошироко.

    Дебатата дополнително ја поттикна на 11 мај усвоената резолуција за забрана за носење на фереџе во јавност во Франција, што муслиманите, кои во таа земја имаат најбројна заедница во Европа, ја дочекаа со негодувања, бидејќи законот се очекува многу брзо.

    Во резолуцијата е речено дека „радикалната пракса“ за носење на вел во јавноста е „спротивна на вредностите на Републиката“, а во образложението се повикува на Декларацијата за човекови права, францускиот Устав и Повелбата за основните права на Европската унија (ЕУ) и начелата за достоинство, слобода и еднаквост на сите луѓе.

    Резолуцијата се повикува на заштита на „сите жени кои претрпеле насилство и кои се принудени да носат вел против своја волја“, а со законот се предвидуваат казни од 150 евра за тие кои нема да се придржуваат, потсетија агенциите.

    Во францускиот печат се наведува дека мнозинството Французи се за забрана и се потенцира дека Франција не е единствена земја во која се гласа за забрана на бурката, бидејќи Белгија прва во ЕУ тоа веќе го направи.

    Во Белгија минатиот месец долниот дом на парламентот усвои нацрт закон со кој се забранува носење фереџе во јавност, наскоро истото треба да го направи и горниот дом. Исто така и политичарите во Австрија и Холандија се залагаат за таква мерка, но се уште нема конкретни чекори.

    Резолуцијата, како и предлог законот за кој овие денови ќе се гласа, настанаа со иницијатива на партијата Унија за народно движење (УНП) на претседателот на Франција Никола Саркози.

    Сепак, од конечниот текст на резолуцијата исфрлен е член кој повикуваше на голема национална дебата. Овој став социјалистите го сметаа за „неумесен“, кои се против законот, исто како комунистите кои веќе најавуваат дека нема да гласаат за него.

    Најголем отпор има кон ставовите од законот кои одат до ограничување на правото на јавниот превоз и влез во јавните установи на жени кои се покриени со бурки.

    Муслиманите во Франција на предложениот закон гледаат различно и дијаметрално и радикално се разликуваат во ставовите. Едни во старт се против таквите мерки, додека други сметаат дека Франција има право да го брани своето граѓанско, републиканско, историско уредување.

    Реакциите се во таков тон и во земјите од кои традиционално потекнуваат муслиманите кои живеат во Франција, како што се поранешните француски колонии на северниот дел на Африка, Алжир, Тунис и Мароко. Во тие земји, едни сметаат дека се работи за директен удар на исламот и правата на тие кои се со муслиманска вера, додека други аплаудираат на Париз и Европа, бидејќи ги бранат своите граѓански придобивки.

    „Јас сум против таков начин на облекување... но не треба со закон да се регулира тоа прашање“, изјави Кадија Ријади, претседателка на група за права на човекот во Мароко, АМДХ.

    Таа е уверена дека законот само ќе им овозможи на партиите во Франција, во време на избори да се претстават како загрижени за муслиманите кои живеат во таа земја и ќе бидат подготвени да „помогнат во борбата против невработеноста, сиромаштијата и расизмот“.

    „Тоа не е само кампања, туку војна против нашиот народ кој живее во Европа“, изјави Шеикот Абделфетах Зерауи, муслимански имам во Алжир кој припаѓа на традиционалната гранка салафисти во исламот.

    „Од нашите законодавци треба да бараме истите мерки да ги усвојат и кон Европските жени, кои доаѓаат во Алжир. Тие треба да носат муслиманска шамија, во спротивно не треба да им дозволиме воопшто да влезат во Алжир“, рече тој.

    Во денешно време само во мал број муслиманки кои живеат во Европа, како и во повеќето земји на северниот дел од Африка, носат традиционална марама, позната како бурка или фереџе, која целосно им го покрива лицето.

    Многу муслиманки носат хиџаб, традиционална покривка која е на главата додека лицето е откриено, а значајно малцинство оди како и другите жени во Европа и во светот.

    Аналитичарите сметаат дека ставовите кои постојат во земјите на северниот дел во Африка претставуваат одек на мислењето на емигрантите кои се населиле во Европа, најмногу во Франција. Некои од нив во денови на верски празници се враќаат во родната земја, да присуствуваат на молитвите, или имамите од нивните земји патуваат во Европа да им одржат верски обреди во тамошните џамии. Тие се против законот во Франција.

    Другата струја, која аплаудира на Франција бидејќи се бори за граѓански права, а не за верско убедување, се тие кои стравуваат дека исламските радикални имами се повеќе се засилуваат во нивните земји.

    „Западот има право да го зачува секуларизмот“, тврди Абдерлрхани Мундиб, професор по социологија и антропологија на Универзитетот Мохамед В во мароканскиот главен град Рабат. „Јас сум марокански муслиман, а противник сум на бурката, бидејќи сметам дека во тоа нема ништо во врска со самиот ислам и чесноста“, вели тој.

    Радија Насраји, правничка и активистка во опозицијата во Тунис, која не носи никаква покривка, истакнува дека е „против секое ограничување на личните слободи, но во овој случај го разбира објаснувањето на Западот. Како некој од Запад ќе знае кој е под бурката?“

    Фатима Бугтаја, 32 годишна Мароканка, покриена од глава до пети, само рацете и се отворени, смета дека законите кои забрануваат носење на муслимански покривки за жени, претставуваат „расистичка одлука со цел да се уништи исламот“.

    „Зошто не донесат закон против егзибиционизмот на женски тела во јавност и пред камери?“, праша таа.

      Сада је точно Thu Nov 23, 2017 11:26 am