P U T N I K - F O R U M

FORUM PUTNIK
REGISTRACIJA:

*Kako ne bi neko "brljao" po porukama koje ste ostavili i kako biste u potpunosti iskoristili
mogućnosti foruma, morate se registrovati i tom prilikom odabrati za sebe korisničko ime i
lozinku.
*Učešće u radu foruma je besplatno i omogućuje vam sledeće:
* Da postavite novu temu za diskusiju
* Da učestvujete u postojećim diskusijama
* Da uređujete/prepravljate svoje poruke
* Da primate e-mailom obaveštenja kad neko odgovori na vašu diskusiju i teme koje ste odredili.
* Da šaljete lične poruke drugim korisnicima foruma
* Da u kalendar unosite događeje koji su bitni za vas
* Da podesite spisak 'prijatelja' kako biste brzo mogli da vidite ko je od vaših prijatelja
*Osim imena i lozinke neophodno je da upišete i e-mail adresu.
*Unošenjem e-mail adrese
nećete biti 'otvoreni' za neželjene poruke (spam) pošto možete da sakrijete adresu tako da
je onaj ko vam šalje poruku preko ovog foruma ni na koji način ne može otkriti. (Da biste
ovo proverili, možete poslati poruku drugom korisniku foruma.)
Administrator može zahtevati da vam završni deo registracije bude poslat e-mailom, kako bi se uverio da je vaša e-mail adresa važeća i u funkciji.

DOBRODOSLI NA FORUM "Z A H V A LJ U J E M O" NA VASEM PRISUSTVU
P U T N I K - F O R U M

PRIJATAN BORAVAK NA FORUMU PUTNIK ŽELI VAM ADMINISTRACIJA SAJTA I FORUMA Druženje, Upoznavanje, Chat, Zabava,Muzika, Humor,Filmovi, Crtaći, Omoti,Vesti, Vicevi,Oglasi,Zanimljivosti, Igrice, Sport, Programi ...

 Da bi imali odlican pregled Sajta,koristite IE-pretrazivac i rez:1280x800. Da bi vam brze otvarala Index stranica,potrebno vam je minimalna brzina.
(OBAVESTENJE) Nijedan od fajlova na ovom sajtu nisu hostovani na nasem serveru.Linkovi su napravljeni/generisani iskljucivo od samih korisnika. Administratori, vlasnici, sajta http://putnik.serbianforum.info/index.htm Nisu odgovorni za ono sto korisnici pisu ili ostavljaju putem linkova, niti za bilo koje delo korisnika.Nemojte koristiti ovaj sajt za distribuciju ili download bilo kakvog materijala, ukoliko nemate legalna prava za to.Vasa je odgovornost ukoliko dodajete, distribuirate i downloadujete slicne fajlove.

Приступи

Заборавио сам шифру!

Vreme Beograd

Prevision del Tiempo en Belgrado

    Почнува Светското првенство во фудбал

    Share
    avatar
    Ambasador
    Admin
    Admin

    Broj poruka : 205
    Poeni : 573
    Reputation : 2
    Datum upisa : 04.09.2009
    Godina : 39
    Lokacija : Makedonija

    Почнува Светското првенство во фудбал

    Порука by Ambasador on Fri Jun 11, 2010 1:18 pm

    Почнува
    Светското првенство во фудбал


    Сити сокер е домаќин на
    отфорањето и на финалето
    Јужна Африка се подготвува за почеток на најголемиот фудбалски турнир на планетава, Светското првеноство, кое почнува попладнево во Јоханесбург.

    Ова е 19-ти Светски куп кој за прв пат се одржува во Африка.

    Церемонијата на отворање ќе се одржи
    на стадионот Сокер сити во Јоханесбург, кој собира 94,000 гледачи, по
    што ќе се одигра
    првиот меч меѓу Јужна Африка и Мексико.



    Плановите дека на стадионот ќе биде и Нелсон Мандела се доведени под сомневање, по загинувањето на неговата пра-внука.


    Фондацијата Нелсон Мандела соопшти
    дека 13 годишната Зенани Мандела, загина синоќа, во сообраќајна несреќа
    на враќањето од концертот во Јоханезбург, одржан по повод Светското првенство.
    Се чувстува дека Светското првенство
    може длабоко да влијае врз тоа како милионите гледачи од цел свет ќе ја
    видат Африка




    Пол Флечер,

    блогер на БиБиСи


    Таа беше една од правнуците на иконите на борбата против апартхејдот.

    „Семејството моли за приватност во моменти на жалост," се вели во соопштението на Фондацијата.

    Се очекуваше 91 годишниот Мандела да присуствува во Сокер сити, но не на целата церемонија на отворање, бидејќи неговото семејство е загрижено за неговото здравје.


    Светското првенство почнува со 40 минутно свечено отворање во 14:00 по СЕВ.

    Американската рап и блуз ѕвезда Ар Кели е една од 1,581 изведувачи кои ќе настапат пред мечот меѓу домаќинот и Мексико, закажан за 16:00.

    Првенството преку телевизија ќе го
    следат гледачи од 215 земји и се очекува милионска публика.

    Јужно-африканскиот претседател Џејкоб Зума и надбискупот Дезмонд Туту се очекува да бидат на Сокер
    сити, обновен стадион во форма на калабаш, африканско сад за готвење.


    „Јужна Африка оживеа и никогаш нема да биде иста по ова Светско првенство," рече Зума, кој ја истакна
    улогата на Мандела во донесувањето на Купот во 2004-та.


    „Нелсон Мандела напорно работеш за
    да станеме домаќини на овој турнир. Му го посветуваме првенството нему."

    „Неколку моменти ја определуваат историјата на нацијата. Ние стоиме пред прагот на еден таков момент како
    што се ближиме до петок, 11 јуни, кога почнува Светското првенство."


    Свеченостите почнаа уште во
    четвртокот - Шакира беше една од изведувачите на огромниот
    пред-турнирски концерт во Совето.

    Блек Ајд Пиис и Алиша Кис, заедно соафриканските ѕвезди Амаду & Маријам и Хју Масекала.



    Откако во 2004-та и' беше доделена
    организацијата на Светскиот куп, Јужна Африка потроши околу 40 милијарди
    ранди (£3,5 милијарди)
    на стадиони, транспортна инфраструктура и подобрување на аеродромите.


    Турнирот, на кој учествуваат 32
    држави, би можел да го подобри бруто домашниот производ на земјата за
    0,5% во 2010-та. Во
    ЈАР ќе допатуваат околу 370,000 странски посетители.

    Дени Џордан, извршниот директор на
    организацискиот одбор, рече: „За мене ова е остварување на сонот. Ова е
    голем момент во
    80 годишната историја на Светското првенство."


    „Луѓето велеа дека нема африканска
    земја која би можела да организира ваков настан. Но ние покажуваме дека
    можеме да ги достигнеме
    другите, па дури и да бидеме подобри. Сега сомничавите
    веруваат."

    Освен Сокер сити - најголемиот стадион во Африка - девет други објекти ќе бидат домаќини на мечевите од
    Светското првенствониз земјата, меѓу кои Елис Парк, кој исто така е во Јоханезбург.


    Мечеви ќе се играат и во Кејп Таун,
    Преторија, Полокване, Растернбург, Блоемфонтејн, Порт Елизабате, Дурбан и
    Нелспруит.

    Вкупно ќе се одиграат 64 мечеви - финалето ќе се игра на Сокер сити в недела, на 11 јули.

    Пред турнирот имаше загриженост околу билетите и безбедноста.

    ФИФА беше изложена на критики за начинот на кој беа распределени билетите - критичарите тврдеа дека преферираниот метод за продажба преку интернет исклучи многу локални жители кои немаат пристап до мрежата.
    Но, управното тело на светскиот фудбал определи голем број билети само за Јужно-Африканците, а во
    средата објави дека 97% од 3,1 милиони билети се продадени, што ги смири стравувањата дека стадионите ќе бидат празни.

    Во однос на обезбедувањето, се стравуваше за сигурноста на навивачите, медиумите и играчите кои допатуваа во Јужна Африка.

    16 лица - меѓу кои и двајца полицајци - беа повредни при станпедо пред пријателскиот меч во неделата
    меѓу Нигерија и Северна Кореја пред стадионот Макулог, во гетото Тембиса, крај Јоханезбург.


    Новинари од Кина, Шпанија и Португалија беа цел на два вооружени крабежа во и околу Јоханезбург, во понеделникот и во средата.



    Како и да е, претседателот на ФИФА Сеп Блатер инсистира дека Светскиот куп ќе биде успешен.




    „Секаде се чувстува дека овој
    Светски куп е специјален, прв на африканска почва," рече тој. „Се
    најдовме во позиција на очекување
    кое не може да се опише.“


    „Уште поважно, ова првенство ќе
    покаже дека Јужна Африка и африканскиот континент општо земени, се
    способни да организираат
    настан од толку голем обем.“


    Англија е меѓу фаворитите во Јужна
    Африка и играчите на тренерот Фабио Капело ја почнуваат кампањата во
    групата Ц со меч против
    Соединетите Држави в сабота.


    Актуелниот светски шампион Италија в понеделник игра против Португалија, Бразил се соочува со Северна Кореја во нивниот прв меч, а европскиот шампион Шпанија го почнува обидот за прва титула Светски првак против Швајцарија в среда.“

    Јужна Африка никогаш не стигнала подалеку од фазата по групи на Светското првенство иако учествуваше на два турнира, во 1998 и 2002.

    Тренер е Бразилецот Карлос Алберто Переира, кој на неговата родна земја и донесе светска титула во 1994-та.
    Тој е тренер на рекорден шестти Светски шампионат.


    Во Јужна Африка ќе играат некои од
    најдобрите фудбалери на денешнината, меѓу кои Лајонел Меси, Кристијано
    Роналдо и Вејн Руни.

    Но ќе недостасуваат и некои големи
    имиња поради повреди, како англиското дуо Рио Фердинанд и Дејвид Бекам,
    германскиот капитен Михаел Балак и халфот на Гана Есиен.

    Дидиер Дрогба - икона на африканскиот спорт - неодамна го скрши лактот на пријателскиот меч со
    Јапонија, но се надева дека ќе игра дел на натпреварите на Брегот на слоновата коска.

      Сада је точно Thu Nov 23, 2017 11:25 am