Во Грција заглавени илјадници туристи
Илјадници туристи кои патуваат
од и кон грчките острови не можат да стигнат до своите дестинации поради
штрајкот на поморците.
Синдикалците го блокираа клучното атинско пристаниште Пиреја.
Тие протестираат против планираните
пензиски реформи и промените на законите за работни односи. Грчката
влада пред два дена
вети надомест за туристите чиј престој ќе биде нарушен поради штрајковите.
Измените ги бараат Меѓународниот
монетарен фонд и Европската Унија, како услов на Грција да и' се одобри
пакет за финансиски спас.
Грчката влада вети дека ќе им ги надомести штетите на туристите чии планови ќе бидат нарушени поради штрајкови.
Штрајковите ги предводат
приврзаниците на Комунистичката партија, но тие имаат широка поддршка од
главниот синдикат, јавува
дописникот на БиБиСи од Атина.
Вработените во железницата и во
државната телевизија се меѓу штрајкувачите.
Мерки на штедење
Грција ја погодија неколку економски
кризи поради што владата воведе неколку мерки на штедење за возврат на 110 милијарди евра заем на ЕУ и ММФ.
Реформите предвидуваат намалување на
пензиите, на минималната плата, зголемување на возраста на пензионирање и олеснување
при давањето на откази се очекува да бидат воведени со претседателски декрет.
Во неколку наврати штрајковите
против мерките на штедење ја ставија земјата во мирување поради
затворањето на аеродромите,
патиштата и железницата.
Од туризмот се прибираат 20 проценти
од националниот доход, но резервациите се намалени за 10 отсто.
| |
Заглавени туристи во Грција |