.„Косово не го скрши меѓународниот закон“
Меѓународниот суд на правдата во Хаг пресуди дека косовското прогласување независност од Србија не го крши меѓународното правo.
Пресудата е донесена со мнозинство гласови од десет спрема четири од судиите, и се смета дека таа може да има последици врз
сепаратистичките движења низ светот.
Ова е необврзувачка пресуда но се очекува да води кон нов поттик за меѓународно признавање на Косово.
Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, рече дека доколку пресудата го поддржува косовското отцепување, нема
да биде безбедна ниту една гранична линија во светот и во регионот.
Мнозинските етнички Албанци прогласија независност на дотогашната српска покраина во 2008, девет години по војната меѓу српските
сили и албанските сепаратисти.
Повеќето западни земји, како и неколку во регионот, ја признаа косовската независност, но Србија и Русија се противат.
Мислењето од Судот пред две години го побара Генералното собрание на Обединетите нации.
Косово прогласи независност неколку години по бомбардирањето на НАТО кое резултираше со „де факто" отцепување од Србија.
Советодавно решение?
Судската одлука е само советодавна, но како што објаснува нашиот известувач Џонатан Маркус - ќе има широк оддек низ светот.
Пресудата на Меѓународниот суд за правдата жонглира со двата основни принципа на меѓународното право.
Дали е соодветно група која себе си се смета за посебно јазично и национално битие - едноставно да се отцепи од етаблирана
држава?
И ако е, како да се сочува суверенитетот и територијалниот интегритет на постоечките држави?
Многу од членките на НАТО го поддржаа косовското еднострано прогласување независност, и инсистираат дека тоа не претставува
преседан за во иднина.
Но сепак, Русија не се согласува.
Во август 2008 руска војска влезе во
Грузија, чекор кој всушност го олесни етаблирањето на Јужна Осетија и
Абхазија како независни
државички, иако само неколку земји ги имаат признаено.
Ова е крајно тешка тема за секоја земја која се соочува со сепаратистички движења.
Затоа не е чудно што Шпанија, за разлика од многу други членки на Европската унија и НАТО - одби да да ја признае косовската
независност.
На самиот терен, пак, судската пресуда не може да направи голема промена.
Србија во моментов е позагрижена за воспоставувањето подобри односи со Унијата, отколку да го турка барањето за враќање на
Косово.
Но сепак, и натаму се можни повици за поделба на Косово, со цел да им се овозможи на областите населени главно со Срби - да
се спојат со Србија.
Гледано пошироко на Балканот, не само во Босна, оваа пресуда може да покрене прашања за постојаноста на сегашните граници
и договори, нешто за што малкумина западни дипломати сакаат да зборуваат
|

| |