08.08.2010 22:12
Гравчето од Сарчиево влезе во Гинис. Македонските 3.150 литри сварен грав во еден котел го соборија досегашниот рекорд што го држеа студенти од Америка.
Тие во 2002-та сварија 1.300 литри грав.
„Официјално соопштувам дека рекордот е срушен и јас се водев по моите правила заедно со готвачот и со неговиот тим на готвачи, го проверив гравот и можам да кажам дека официјално е срушен рекордот“, изјави Пари Кавара, судијка од Гинис.
Иницијаторот на оваа идеја е задоволен Серчиево и Македонија ќе се најдат по втор пат во мапата на Гинис.
„Рекордот и гравчето е само за добро гостопримство на целиот народ што дојде тука да го почастиме со ручек, а воедно и успеавме да го обориме рекордот со варење грав“, вели Стојан Давчев, иницијатор.
Гравчето се крчкаше од зори, вода околу 2,5 тони се донесе со цистерна од Штип, во казанот освен 400 кила грав, завршија и 200 килограми сланина, 70 литри зејтин и околу 40 килограми кромид.
Рецептот е стар, главниот готвач вели цели 2.000 години.
„Ова е македонски рецепт, што јадел Александар Македонски“, изјави Љупчо Гиевски, главен готвач.
Возбудени беа и граѓаните кои се собраа околу 10 илјади само за да вкусат од рекордното гравче.
„Мислам дека оваа идеја е одлична и само така да се продолжи не само за гравчето, можеме да имаме и друг гинис ако се потрудиме“, вели жителка на Штип.
„Да се види дека и во Македонија нешто се работи“, рече жител на Штип.
Иако во казанот имаше рекордно количество на грав, сепак тоа не беше пречка гладните граѓани за миг да го испразнат казанот