Москва е обвиткана во густ чад, како што се засилија пожарите околу градот.
Чадот го наруши воздушнио сообраќај на два меѓународни аеродроми во Москва - Домодедово и Внуково.
Многумина Руси носат маски, а температурите се искачија блиску до 40 степени целзиусови.
Вчера службени претставници рекоа дека речиси 600 шумски пожари дивеат низ големи области јужно и источно од Москва. Во нив
загинаа 50 лица.
Медицински експерти велат дека концентрацијата на отровни честички во воздухот е далеку повисока од нормалното и дека може
да бидат особено штетни за малите деца и старите луѓе.
Домодедово и Внуково се јужно од Москва, во областа блиску до запалениот тресет.
Авионите денеска се уште можеа нормално да полетуваат, но слетувањата беа пренасочени кон други московски аеродроми, каде
видливоста се уште е прифатлива.
Видливоста на Внуково беше намалена на 300 метри, а на Домодедово не повеќе од 400 метри.
Во меѓувреме, нивото на јаглерод
диоксид во московскиот воздух е за три пати повисоко од нормалното,
рекоа официјални претставници.
Погодени големи области
Еден шумски пожар во московскиот регион и' се заканува на воената база Алабинск, известува интернет страницата на РИА Новости.
Повеќе од 1,000 пожарникари и два хеликоптера се обидуваат да го изгаснат пожарот.
Во огнот се уништени повеќе од 2,000 домови.
Воведена е вонредна состојба во седум региони. Се јавува дека најпогодени се Нижни Новгород, Рјазан и Вороњеж.
Руски претставници вчера рекоа дека имало 589 пожари кои опфатиле површина од 196,000 хектари. Распоредени се повеќе од 160,000
пожарникари.
Се прогнозира дека високите температури во Москва ќе потраат уште неколку дена.
Русија објави дека забранила извоз на жито од 15 август до 31 декември, откако сушата и пожарите уништија околу петина од
посевите.

|