P U T N I K - F O R U M

FORUM PUTNIK
REGISTRACIJA:

*Kako ne bi neko "brljao" po porukama koje ste ostavili i kako biste u potpunosti iskoristili
mogućnosti foruma, morate se registrovati i tom prilikom odabrati za sebe korisničko ime i
lozinku.
*Učešće u radu foruma je besplatno i omogućuje vam sledeće:
* Da postavite novu temu za diskusiju
* Da učestvujete u postojećim diskusijama
* Da uređujete/prepravljate svoje poruke
* Da primate e-mailom obaveštenja kad neko odgovori na vašu diskusiju i teme koje ste odredili.
* Da šaljete lične poruke drugim korisnicima foruma
* Da u kalendar unosite događeje koji su bitni za vas
* Da podesite spisak 'prijatelja' kako biste brzo mogli da vidite ko je od vaših prijatelja
*Osim imena i lozinke neophodno je da upišete i e-mail adresu.
*Unošenjem e-mail adrese
nećete biti 'otvoreni' za neželjene poruke (spam) pošto možete da sakrijete adresu tako da
je onaj ko vam šalje poruku preko ovog foruma ni na koji način ne može otkriti. (Da biste
ovo proverili, možete poslati poruku drugom korisniku foruma.)
Administrator može zahtevati da vam završni deo registracije bude poslat e-mailom, kako bi se uverio da je vaša e-mail adresa važeća i u funkciji.

DOBRODOSLI NA FORUM "Z A H V A LJ U J E M O" NA VASEM PRISUSTVU
P U T N I K - F O R U M

PRIJATAN BORAVAK NA FORUMU PUTNIK ŽELI VAM ADMINISTRACIJA SAJTA I FORUMA Druženje, Upoznavanje, Chat, Zabava,Muzika, Humor,Filmovi, Crtaći, Omoti,Vesti, Vicevi,Oglasi,Zanimljivosti, Igrice, Sport, Programi ...

 Da bi imali odlican pregled Sajta,koristite IE-pretrazivac i rez:1280x800. Da bi vam brze otvarala Index stranica,potrebno vam je minimalna brzina.
(OBAVESTENJE) Nijedan od fajlova na ovom sajtu nisu hostovani na nasem serveru.Linkovi su napravljeni/generisani iskljucivo od samih korisnika. Administratori, vlasnici, sajta http://putnik.serbianforum.info/index.htm Nisu odgovorni za ono sto korisnici pisu ili ostavljaju putem linkova, niti za bilo koje delo korisnika.Nemojte koristiti ovaj sajt za distribuciju ili download bilo kakvog materijala, ukoliko nemate legalna prava za to.Vasa je odgovornost ukoliko dodajete, distribuirate i downloadujete slicne fajlove.

Приступи

Заборавио сам шифру!

Vreme Beograd

Prevision del Tiempo en Belgrado

    Чиле го слави спасувањето на рударите

    Share
    avatar
    Ambasador
    Admin
    Admin

    Broj poruka : 205
    Poeni : 573
    Reputation : 2
    Datum upisa : 04.09.2009
    Godina : 39
    Lokacija : Makedonija

    Чиле го слави спасувањето на рударите

    Порука by Ambasador on Thu Oct 14, 2010 12:29 pm

    Чиле го слави спасувањето на рударите
    Последниот спасен рудар беше Луис Урсуа
    Претседателот на Чиле рече дека неговата земја никогаш веќе нема да биде иста, по неверојатно спасување на 33 рудари, кои 69 дена беа заглавени под земја.

    Себастијан Пињера рече дека сега Чиле е „пообединет и посилен од кога било“ и „по ценет“ низ светот.
    Сите беа воодушевени кога последниот рудар, 54 годишниот Луис Урсуа, се појави на излезот од спасувачката шахта.
    Во 22 часовната операција сите рудари беа извлечени на површината во тесна капсула. Тие сега се на прегледи в болница.
    Некои од нив имаат остра инфекција на забите, а други имаат проблеми со очите, поради долгото време минато во нечистотија и темница. Кај еден рудар е утврдена запаление на белите дробови, но не во сериозна форма.
    Министерот за здравство Хаиме Маналич истакна дека се чини оти рударите се во многу подобра состојба од очекуваната. Никој до сега не преживеал толку долг престој под земја.
    Рударите имаа храна за само 48 часа кога се урна дел од рудникот за бакар и злато Сан Хозе, во чилеанската пустина Атакама.
    „Вистински благослов“
    Претседателот Пињера беше крај излезот на 624 метри долгата спасувачка шахта, кога рано утрово се појави капсулата со Урсуа, пречекан со извици, скандирање и аплауз. Спасувачите брзо го наметнаа со чилеанското знаме.
    На Урсуа, сменски водач, му е оддадено признание за организирањето на рударите во првите денови од несреќата. Тој на претседателот му рече: „Го сторивме она што цел свет го очекуваше од нас.“
    „Бевме силни, имавме дух, сакавме да се бориме за нашите семејства и тоа е највредното нешто.“
    Опишувајќи го како голем капитен, Пињера одговори: „Вие не сте истите и државата не е иста по ова. Вие сте инспирација. Оди прегрни ги сопругата и ќерката.“
    Тој тогаш ја запеа чилеанската национална химна. Пријателите и роднините на рударите се полеваа со шампањско и конфети.
    Шестмината спасувачи кои се симнаа во рудникот за да ја набљудуваат операцијата, раширија плакат на кој пишуваше „Мисијата завршена“.
    Последниот од спасувачите, Мануел Гонзалес - кој беше првиот кој се симна низ шахтата - пред да се врати, се сврте кон камерата, се поклони и мафташе со рацете триумфално.
    Роднините на спасените се качија на блискиот рид каде се вееја 33 чилеански знамиња, по едно за секој рудар. Таму се заблагодарија за успешната операција.
    Свастиката на најстариот рудар Марио Гомез, Белгица Рамирез. за агенцијата Франс прес рече: „Почнува нов живот.“

    Во телевизиското обраќање до нацијата на влезот од рудникот, Пињера рече: „Рударите не се истите со оние пред да бидат заглавени на 5 август. Тие излегоа посилни, со научена лекција. Но и Чиле веќе не е истото“.
    „Мислам дека Чиле денеска е пообединет и посилен од кога и да е. Мислам дека Чиле денеска е по-почитувано и повредно во светот“.
    Рударите сега се лекувани во болница во блискиот Копиапо. Собите се затемнети за луѓето да можат да се привикнат на светлото.
    Нашиот известувач од таму вели дека најстариот рудар Марио Гомез, кој има 63 години, се лекува од пневмнонија и заболувањето на белите дробови наречено силикоза. Уште еден рудар исто така има силикоза.
    Нашиот известувач додава дека лекарите сакаат да бидат сигурни дела луѓето се целосно здрави пред да заминат дома, но можно е некои од нив да ја напуштат болницата уште денеска.
    Спасувачката операција почна рано утрото по средноевропско време.
    Гонзалес се спушти во окното, по што требаше веднаш да се врати за да извести за состојбата на спасувачката капсула, пред да се смени со медицинско лице.
    Но, наместо тоа, рударот Флоренсио Авалос беше внесен во капсулата и извлечен.
    Рударите носеа био-појаси, креирани за астронаути - со нив се набљудува работата на срцето, дишењето, температурата и потрошувачката на кислород - како и наочари за сонце заради заштита на очите од пустинското светло.
    Спасувачкиот тим набрзо го скуси времето меѓу две извлекувања од еден час на 25 минути, така што набрзо беше јасно дека времето за завршување на операцијата ќе биде за два пати покусо од претходно предвиденото.  
     НАЈНОВИ ВЕСТИ

      Сада је точно Thu Sep 21, 2017 9:00 am