Од македонскиот печат, 28.12
Платите на лекарите, проблемите на тутунарите, случајот Рамковски се на насловните страници на македонскиот печат.
„Закани за децата на тутунарите“ е
насловот во ВРЕМЕ под кој се пренесува сликата од протестите врз кои
наводно се вршел притисок
за да се разбијат.
Производителите на тутун се незадоволни од малата откупна цена.
УТРИНСКИ ВЕСНИК пишува за проблемите на лекарите кои реагираат за новиот систем за плаќање според ефект.
Тури-претури
Го сметаат за промашен зашто платите се заработуваат според- земи од еден дај на друг, заклучува УТРИНСКИ.
Во ДНЕВНИК читаме дека акцијата
„Пајажина“ ќе опфати и други соработници на бизнисменот Велија Рамковски
покрај 23- цата осомничени.
УТРИНСКИ на оваа тема пишува дека зетот на Рамковски и менаџер на приватен универзитет ќе стоел настрана од телевизијата на
неговиот таст.
НОВА МАКЕДОНИЈА анализира колку е профитабилна изградбата на станови и заклучува „додека не најдеме нафта, становите се најдобар
бизнис“.
Со карикатура на насловната страна
на која се гледа како од вреќа полна со кадровски решенија се
регрутираат амбасадори, ДНЕВНИК
го коментира последното поставување дипломати за кои
во јавноста се коментира дека се несоодветни за функцијата. Насловот
е Македонски дипломатски рулет.
УТРИНСКИ ВЕСНИК пишува за продажбата на традиционалните новогодишни пакетчиња.
За пакетче се дава и последниот денар, иако производителите и дистрибутерите на чоколади признаваат дека не е како некогаш,
пишува УТРИНСКИ.
Во ВРЕМЕ може да се прочита за либерализацијата на пазарот по нова година.
Царина
Ќе нема царини за текстил, за возила и за други производи од ЕУ освен за храната.
Бинзисмени за весникот коментираат дека ова нема да се одрази по џебот на потрошувачите.
НОВА МАКЕДОНИЈА прави преглед на буџетите за дипломатски активности што ги одвојуваат државите во регионот.
Весникот заклучува дека Грција е рекоредер, Македонија е на средина, а Албанија троши најмалку пари за оваа намена.