01.01.2011 13:15
Стотици милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера во домовите, ја испратиja 2010 и ја пречекаа Новата 2011 година.
Два милиони луѓе ја пречекаа Новата 2011 на познатата бразилска плажа Копакабана во Рио де Жанеиро. На 4,5 километри долгата плажа на која повеќето од собраните беа облечени во бело според традицијата, имаше огномет. Врвот на прославата беше претставувањето на логото на Олимписките игри чиј домаќин во 2016 година е Рио де Жанеиро.
Речиси милион луѓе ја пречекаа Новата година на Тајмс сквер во Њујорк каде со години се одржува најголемата јавна забава во Америка која во живо се пренесува на телевизија. Илјадници туристи доаѓаат во Њујорк за да набљудуваат како сјајната топка минута пред полноќ почнува да се спушта од јарбол висок 23 метри. Според традицијата почната во 1907 година кога топката ќе го допре подножјето значи дека Новата година стигнала.
Најмалку 100.000 луѓе меѓу кои многу туристи ја пречекаа Новата 2011 година на булеварот Шанзелизе во Париз. Стотици илјади луѓе се собраа во областа на Бранденбуршката капија во Берлин, а околу 500.000 луѓе се собраа на улиците во Москва за да ја пречекаат Новата година.
На централните улици на Виена се одржа традиционална новогодишна програма и првпат имаше огномет, Новата 2011 година ја пречекаа над 750.000 жители на Виена и странци.
Со валцерот на „На убавиот син Дунав“ и со величенствен огномет неколку илјади луѓе ја испратија старата и ја пречекаа Новата 2001 година пред Домот на Народното собрание во Белград каде традиционално се одржа новогодишен концерт.
Тихоокеанската островска држава Кирибати е првата што ја пречека Новата 2011 година. Еден час по нив во новата година ќе влезе Нов Зеланд, а 120 минути подоцна и Австралија. Последни во светот, 23 часа по Кирибати, Новата 2011 година ја пречекаа жителите на Аљаска.
Екипажот на Меѓународната вселенска станица 16 пати влегол во 2011 година
Поради преминот на временските зони меѓу двете години екипажот на Меѓународната вселенска станица 15 пати излегол од 2010 година и 16 пати влегол во новата 2011 година.
Според информациите од московскиот Центар за управување со летовите, вселенската станица првпат влегла во 2011 година во петок во 14 часот по московско време источно од Камчатка, а последен пат тоа го направила приближно на истото подрачје на 1. јануари во 13 часот по московско време.
На станицата се наоѓа екипаж што го сочинуваат двајца Американци, тројца Руси и еден Италијанец.