Бериша вели во Албанија нема да се повтори Тунис
Демонстрации во Тирана
Албанскиот премиер Сали Бериша вели дека во земјата нема да се случи востание по примерот на Тунис, откако три лица загинаа во судирите во петокот.
„Никоја во оваа земја не може да ја преземе власта на сила“ - рече тој.
Илјадници демонстранти кои барат оставка на неговата влада се судрија со полицијата во албанскиот главен град Тирана.
Лидерот на опозицијата рече дека толпата била испровоцирана, а полицијата постапила непрофесионално.
Во Албанија - една од најсиромашните земји во Европа - не се очекува одржување на општи избори се до 2013 година.
Политичката напнатост минатата недела се зголеми откако еден од главните сојузници на премиерот, Илир Мета, поднесе оставка откако беше обвинет за корупција во врска со еден тендер за електрана.
Опозицијата бара предвремени парламентарни избори, порекнувајќи го резултатот од гласањето во јуни 2009-та, кога Демократската партија на Бериша победи со мала разлика.
Надежите на поранешната комунистичка земја се попречени, а земјата се бори да докаже дека има извршено транзиција кон целосно функционална демократија.
Кон крајот на минатата година Брисел ја одби апликацијата од Тирана за кандидатски статус за зачленување во Европската Унија, и побара исполнување на агенда со 12 точки, каде што доминира борбата против корупцијата.
Во петочните немири демонстрантите го нападнаа седиштето на Бериша, фрлајќи камења, дрва и чадори, а полицијата одговори со солзавец, гумени куршуми и водени топови.
Запалени беа неколку возила, некои во сопственост на полицијата.
Покрај тројцата загинати, десетици други луѓе беа повредени.
Во изјавата во врска со немирите, премиерот Бериша направи споредба со Тунис, каде што неодамна претседателот Бен Али беше соборен со бран народни протести.
Бериша ги спореди своите политички противници со Бен Али, и додаде дека тие сакаат да ја соборат неговата влада со насилство.
„Нема сила во светот која може да манипулира со слободната желба на албанскиот народ“ - истакна тој.
Бериша ја исклучи можноста од воведување вонредна состојба во Албанија, но рече дека насилството нема да се толерира.
Лидерот на опозицијата, пак, Еди Рама, обвинувајќи ја полицијата за непрофесионализам, истакна:
„Мојот повик до таканаречениот премиер е да се воздржи од туркање на нашето општество и нашата земја уште подолу во ќорсокак“.
Демонстрантите велат дека ќе продолжат со мирни протести.
Се проценува дека во петокот околу 20 илјади луѓе беа собрани пред владините згради барајќи оставка на конзервативната влада.