Поради епидемијата на сезонскиот грип А во Хрватска, Службата за епидемиологија денеска објави упатства до училиштата што да прават во случај на епидемија.
Една гимназија во Сплит ќе биде затворена до крајот на неделата поради голем број заболени од грипот А, откако на настава не се појавиле 60 ученици. Иако кај само еден ученик е дијагностициран грип А, проценките се дека тој број ќе биде зголемен.
Во изминатите три дена во Хрватска се регистрирани 34 случаи на новозаболени од грипот А, со што вкупниот број на пријавени заболени лица со тој вирус е 268.
Уште 746 пациенти имаат клинички знаци на грипот, но не и лабораториска потврда дека се работи за грипот А.
Службата за епидемиологија во упатствата до школите советува заболени да не излегуваат од дома додека за 24 часа температурата не им биде пониска од 38 степени. Доколку ученик со симптоми дошол во училиште, мора да биде одвоен од останатите се додека по него не дојдат родителите кои ќе го одведат дома и тоа без користење јавен превоз.