ПО ВЧЕРАШНОТО ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ПЛАВШИЌ ОД ЗАТВОР
ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ОД КПД ЗЕНИЦА СИ ГИ ЗАШИЈА УСТИТЕ
Вработените во затворите во Федерацијата Босна и Херцеговина се во состојба на готовност, откако завчера во Казнено-поправниот дом во Зеница поголема група затвореници во знак на протест си ги зашија устите.
Група осуденици од зеничкиот затвор си ги зашија устите поради ослободувањето на Биљана Плавшиќ, која од Хашкиот трибунал беше осудена на 11 години затвор под обвинението за воени злосторства во БиХ. Таа беше ослободена од шведскиот затвор Хилсенберг, по отслужување на една третина од казната.
Затворениците протестираат поради ослободувањето на Плавшиќ, напоменувајќи дека таа е ослободена иако е осудена за воени злосторства, а нивните барања за помилување или за условно ослободување не се земаат предвид.
Тие сметаат дека со ослободувањето на Плавшиќ се дава легитимитет за сите сторени воени злстртсва и геноцид на Србите врз муслиманското население за време на граѓанската војна во 90 години на минатиот век.