БИЛ КЛИНТОН ГИ ПОВИКА КОСОВСКИТЕ АЛБАНЦИ И СРБИ ДА ГРАДАТ ПОДОБРА ИДНИНА
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон денеска во Приштина ги повика косовските Албанци и Срби „да градат подобра и посреќна иднина на Косово“.
Во обраќање пред пратениците во косовското Собрание, Клинтон им порача на граѓаните на Косово да заборават на минатото и да се свртат кон иднината во изградбата на Косово како независна држава.
- Во изминативе 10 години народот на Косово и политичарите сторија многу за Косово да стане она што е, рече Клинтон.
При пречекот на Клинтон, косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи оценија дека тој е „голем пријател на Косово’ и „човек кој придонел Косово денес да биде независно“.
Сејдиу и Тачи воедно им се заблагодарија на САД и на американскиот народ за поддршката шти му ја пружиле на Косово.
По обраќањето пред Собранието, Клинтон присуствуваше на церемонија на која беше откриен споменик во негова чест. На церемонијата присуствуваа над 1.000 лица.