Се насетува некое решение за проблемот со Грција вели во интервју за БиБиСи македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
Тој останува на ставот дека треба да има реферндум за името но остава простор доколку се дојде до решение кое ќе го задоволи мнозинството од граѓаните да се бара и друг начин на одлука.
За успех на преговарачкиот процес смета дека отстапки треба да направат и двете страни.
Кооперативност
БиБиСи: Последниот позитивен извештај на Брисел беше проследен со една прилично директна порака дека ова е добра шанса да се затвори проблемот со Грција за името. Дали тоа го чуствувате како притисок?
-„Тоа како прашање е во рамките Обединетите нации и н ие како држава до сега покажавме, навистина, една кооперативност да се најде решение, меѓутоа тој процес не може да се извади од Обединетите нации. Тој е таму, тој трае веќе 16 години и во последно време на некој начин се насетува некое решение. Прво тоа беше одложно поради изборите во Македонија. Кога завршија изборите претседателски и локални во Македонија, тој процес доби на динамика.
Процесот на некој начин беше стопиран за време на изборите во Грција и сега се очекува повторно да продолжи со иста динамика за да може медијаторот Нимиц на некој начин да понуди решение. Бидејќи ги знае ставовите на македонската страна, ги знае ставовите на грчката страна и тој како медијатор треба да го понуди конечниот предлог. Меѓутоа тоа се оддолжи поради изборите во Грција. Да се надеваме дека сега тоа ќе добие на динамика и тоа прашање конечно ќе добие некоја звршница.“
БиБиСи: Дали позитивниот годишен извештај на Европската комисија за Македонија може да го забрза процесот?
-„Тоа останува до Нимиц. Тој е медијаторот. Ние покажавме подготвеност. Нашиот преговарач, амбасадорот Јолевски ги има ставовите на нашата страна ги изнесува и учествува во тој сет на идеи кој беше понуден од страна на Нимиц. За сега тоа е единствениот начин како да се дојде до решение.“
БиБИСи: Неофицијално се најавуваат отстапки од двете страни или се притиска да има отстапки од двете страни. Очекувате ли да биде отворен тој пакет на отстапки и во која насока би оделе тие?
„Тоа се’ зависи од пристапот што ќе го имаме во овој период. Отстапките се неопходни од двете страни. Затоа велиме дека решението треба да биде еден виде фер или разумен компромис. А компромисот да се постигне секој треба да отстапи од своите позиции за да се дојде до некоја средина која ќе ги задоволи и двете страни. Се’ додека траат преговорите имаме препорака да не ги откриваме сопствените позиции за да не наштетиме на целиот процес. Ние го почитуваме и опстојуваме на тој принцип и тоа дава резултати. Затоа истрајни сме секоја стана да држи до своите позиции и да ги изнесува единствено на преговарачот.“

http://www.bbc.co.uk/worldservice/images/2009/10/20091028180659ivanov1_bbc203.jpg" alt=""/>