Во текот на последните 24 часа, во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, добиени се 42 позитивни резултати на новиот тип на вирус А (Х1Н1).
Комисијата за пандемски грип повторно посочува дека нема потреба од затворање на училишта и други образовни институции.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, соопшти Министерството за здравство, во изминатото деноноќие се хоспитализирани девет пациенти, а истовремено четворица од постојните пациенти се отпуштени од болница, при што е констатирано целосно повлекување на симптомите на новиот тип на грип. Во моментот на Клиниката се хоспитализирани вкупно 25 пациенти. Сите добиваат соодветна терапија и се во добра здравствена состојба.
Редовна средба имаше и Комисијата за пандемски грип во проширен состав со експерти и епидемиолози од други институции кои веќе имаат претходно искуство со преземање активности за сузбивање пандемии.
Комисијата, се наведува во соопштението, уште еднаш потенцира дека нема потреба од затворање на училишта и други образовни институции, ниту епидемиолошка оправданост за непосетување на настава. Членовите на Комисијата се децидни дека отсуство од настава е единствено оправдано само за учениците кои имаат потврдени симптоми на грип.
Комисијата препорача да се продолжи со практиката за добивање лабораториска потврда на сомнителни на А (Х1Н1) се до постигнување на вкупна бројка од 300 потврдени случаи, по што ќе се продолжи со лабораториска анализа само за пациентите со тешка клиничка слика за кои е неопходен болнички третман, за хронично болни лица, за бремени жени и деца до 36 месечна возраст, кои ќе пројават симптоми на заболување. Комисијата донесе и други одлуки и препораки, кои ќе бидат спроведени од страна на соодветните институции во наредниот период, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
МИА