Полицијата во Грција е во состојба на готовност заради опасност од нов терористички напад, а има поставено и снајперисти крај потенцијалните објекти на напад во главниот град, пишува денеска грчкиот весник "Вима".
На шефовите на полициските управи во Атина им е наредено деноноќно да да ја оддржуваат оваа готовност.
Се очекува алармот да трае до почетокот на декемеври, кога претстои одбележувањето на две годишнини - едната од студенскиот бунт во атинската Политехника, а втората е поврзана со навршувањето на првата година од убиството на младиот Алексис Григоропулос. Тој беше застрелан од полицаец за време на анархистичката поворка во атинскиот кварт Екзархија што потоа предизвика невидени улични немири во целата земја.
Полицијата располага со информација дека претстојат нови крвави напади врз полициски станици и други објекти од истите терористи, кои на 27 октомври ранија шестмина полицајци од станицата во Агија Параскеви, пишува уште "Вима".
Весникот забележува дека новоназначеното раководство на службата за борба со тероризмот, како и националната разузнавачка служба ЕИП почнале истраги и дека ги проучуваат досиејата на организациите "Заговор на јадрата на огнот", "Секта на револуционерите" "Народна волја" и "Револуционерна борба".