Неговата Светост Патријархот српски г.г. Павле е роден на 11-ти Септември 1914 год., во село Куќанци, срез Долни Михољац (тогаш во Австроунгарија, а сега во Славонија, Р. Хрватска), во земјоделско семејство.
Гимназија завршил во Белград, шестгодишна Богословија во Сараево, а Богословски факултет во Белград. Рано останал без родители. Татко му отишол да работи во САД, таму добил туберкулоза и „се вратил дома за да умре“ кога детето имало три години, а наскоро се упокоила и мајка му. Го одгледала тетка му. Знаејќи дека детето е „многу слабичко“, го штедела од селските работи и така му овозможила да се школува. Иако малиот Гојко бил склон кон „предметите кадешто не мора да се меморира, како што се математика и физика“, надвладеало влијанието на роднините и негов конечен избор била Богословијата. После завршената нижа гимназија во Тузла (1925-1929), и Богословија во Сараево (1930-1936), заминал во Белград кадешто се запишал на Богословски факултет. Тука вонредно ги завршил и преостанатите години од гимназијата, за да може истовремено да се запише и на Медицинскиот факултет. На Медицинскиот факултет стигнал до втората година од студиите, а Богословскиот го завршил и така го затекнува Втората светска војна. На покана на својот школски другар Јелисеј Поповиќ, заминува во овчарско-кабларските манастири, кадешто го започнува својот монашки живот.
Најпрво бил во манастирот „Света Троица“ во Овчар, а потоа станал и вероучител на децата бегалци во Бања Ковиљача. Тогаш тешко се разболел а лекарите дијагнозирале туберкулоза, предвидувајќи му уште три месеци живот. Извесно време поминал во манастирот Вујан, кадешто се излечил и во знак на благодарност изрезбал и подарил еден дрвен крст. Замонашен е во манастирот „Благовештение“ во 1946 год., кога е ракоположен во чин јероѓакон. Од 1949 год., до 1955 год., бил собрат на манастирот Рача. Школската 1950/51 год., ја поминал како заменик учител во призренската Богословија „Светите Кирил и Методиј“. Во чин јеромонах е ракоположен 1954 год., истата година постанал и протосинѓел, а архимандрит 1957 година. Од 1955 год., до 1957 год., бил на постдипломски студии на Богословскиот факултет во Атина. Избран е за Епископ рашко-призренски 29-ти Мај 1957 год., а хиротонисан е на 21-ви Септември 1957 год., во белградската Соборна црква. Хиротонијата ја извршил Патријархот српски Викентиј. За Епископ рашко-призренски е востоличен 13-ти Октомври 1957 год., во призренската Соборна црква.
Во рашко-призренската Епархија градел нови цркви, обновувал стари и разрушени, ракополагал и монашел нови свештеници и монаси. Се грижел за призренската Богословија, кадешто повремено држел и предавања од црковно пеење и црковнословенски јазик. Често патувал, ги обиколувал и служел во сите места на својата Епархија.
Српски Патријарх постанува 1990 год., кога на тоа место го наследува Патријархот Герман. Тој е 44-тиот Поглавар на Српската Православна Црква.
Се занимавал и со научни трудови. Ја објавил монографијата за манастирот Девич. Во „Гласник”-от на Српската Православна Црква, од 1972 год., објавува студии од Литургика во облик на прашања и одговори, од коишто настанало тротомното дело „Да нам буду јаснија нека питања наше вере, I, II, III (1998)“. Уредник е на богослужбената книга „Србљак“, која Синодот на Српската Православна Црква ја издава во 1986 година. Го подготвува „Христијанскије празники“ од М. Скабаланович. Автор е и на изданијата Требник, Молитвеник, Дополнителен требник, Велики типик и на други богослужбени книги и изданија на Синодот. „Питања и одговори чтецу пред производство” го објавува во 1988 год., а „Молитве и молбе“ во 1990 година. По заслуга на Патријархот Павле, во 300 примероци е умножена богослужбената книга Октоих, од печетницата на Ѓ. Црнојевиќ.
Патријархот Павле долги години бил претседател на комисијата на Светиот Архијерејски Синод за превод на Светото Писмо на Новиот Завет, којшто официјално е одобрен од Црквата и објавен е во 1984 година. Исто така, бил претседател на Литургиската комисија на Светиот Архијерејски Синод, којашто го уредувала и печатела Служебник-от на српски јазик.
Од неговиот избор за српски Патријарх, обновени се и основани повеќе епархии. Обновена е Богословијата во Цетиње, во 1992 година. Во 1994 год., отворена е Духовната академија „Свети Василиј Острошки“, во Србиње (Фоча) и Богословијата во Крагујевац 1997 год., како отсек на Богословијата „Свети Сава“ од Белград. Основана е Информативно-издавачка установа на Српската Православна Црква. Во 2007 год., основан е и Православен богословски факултет при Универзитетот во Ниш. Во негово време во 1993 год., во Белград е основана Академијата на Српската Православна Црква за уметности и консервација, со неколку отсека (иконопис, фрескопис, консервација). Во 2002 год., е вратена веронауката како настава во училиштата, како и Богословскиот факултет во рамките на Белградскиот универзитет, од кадешто беше исфрлен во 1952 година.
Имајќи ги предвид заслугите на Патријархот Павле на научно-богословското поле, Богословскиот факултет на Српската Православна Црква во Белград, во 1988 год., му додели звање почесен доктор (honoris causa) на богословието.
Во времето на Патријархот Павле се решени два црковни раскола на Српската Православна Црква, едниот во Америка, т.н. Дионисијев раскол, исцелен во 1992 год., и вториот т.н. Доситеев, односно расколот со т.н. Македонска Православна Црква, којшто беше исцелен во 2002 година. Патријархот Павле го издаде Томосот за автономија на Православната Охридската Архиепископија и го потврди за Архиепископ охридски и Митрополит скопски, Неговото Блаженство г.г. Јован.
Од Ноември 2007 год., се наоѓаше на лечење на Воено-медицинската Академија во Белград.