Различни реакции на назначувањето на две малку познати личности за врвните нови должности во Европската унија.
Соединетите држави го поздравија изборот на белгискиот премиер Херман ван Ромпој за нов претседател и Британката Кетрин Аштон за шеф за надворешна политика.
Белата куќа соопшти дека тие ќе ја направат Европа уште посилен партнер.
Честитки стигнаа од претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо додека самиот Ван Ромпој пак рече дека ќе разгледува сечии интереси а разновидноста ја нарече богатство на Унијата.
Тој сепак јасно стави на знаење дека работата ја гледа како административна и координаторска наместо лидерска.
Дописникот на БиБиСи од Брисел јавува дека околу изборот владее извесна вчудоневиденост поради релативната непознатост на двајцата кандидати.
Втората висока должност создадена со Лисабонскиот договор, шеф на надворешната политика, ја доби британската баронеса Кетрин Аштон, сега комесар за трговија на ЕУ.
Обајцата се сметаат за консензуални политичари без големо искуство во надворешната политика.
Сепак, обајцата добија едногласна поддршка од 27 евро-лидери на самитот во Брисел, потврди и британскиот премиер Гордон Браун.
Претходно, британската влада потврди дека веќе не лобира за поранешниот премиер Тони Блер но успеа да ги убеди шестемина лидери од социјалистичката група да ја поддржат Кетрин Аштон.
Особено важно е што Ван Ромпој имаше германска и француска поддршка.
Улогата на претседателот
Мандат од две и пол години
Може да биде реизбран еднаш
Ги води самитите на ЕУ
Ја предводи работата на министерскиот совет
Помага во кохезијата и консензусот
Ја претставува ЕУ на светската сцена
Тој има углед на градење коалиции, откако ја презеде јазично разделената белгиска влада и ја извлече од криза.
Рик Торфс, академски и политички аналитичар:
-„Тој е брилијантен човек, иако е Белгиец. Тој е брилијантен економист. Па ако барате некој кој нема непријатели тогаш тој навистина е добар кандидат. Ван Ромпој може да ги смрзне проблемите, да ги држи работите во рамнотежа. Меѓутоа тој не може да реши проблеми".
Изборот на претседател беше предмет на опсесивен интерес меѓу функционерите, дипломатите, новинарите и лобистите во Брисел.
Се озборуваше насекаде, се спомнуваа имиња, имиња и уште повеќе имиња.
Стефани Пошон, од консалтингот за јавни прашања „Ге-плус“:
-„Блер беше жртва на анти-Блеровата кампања од пред неколку недели, можеби затоа што е премногу еминентен. Неговата преголема видливост има опасност на некој начин да фрли во сенка дел од другите лидери. Тешко е да се пронајде рамнотежа."