28.11.2009 - 14:11 |
* Македонија
Свинскиот грип ја зема и третата жртва. 34 - годишен скопјанец почина на Клиниката за инфективни болести каде бил примен пред два дена во многу тешка состојба.
Немал претходно хронично заболување како што беше случај и со 32 годишниот маж, првата жртва на грипот. Надлежните ќе проверуваат дали починатиот сам се јавил на Инфективна или бил упатен од матичниот.
Досегашната статистика покажува дека свинскиот за разлика од сезонскиот грип е поопасен кај младата популација. За да не се случи повторно пациентите предоцна да побараат помош на Инфективна, од министерството за здравство упатија апел до граѓаните дека ова не е грип што теба да го лекуваат дома без лекар.
- Ако и пациентите со лесна клиничка слика за два три дена не осетат подобрување на состојбата или пак нејзино влошување, веднаш да побараат консултација од матичен и барање за преглед на повисоко ниво - изјави Јованка Костовска од Комисијата за пандемски грип.
Во споредба со регионот каде на пример во Грција има над 300 000 заболени, во Србија 18 смртни случаи Македонија со 2600 заразени од грип и тројца починати засега има најниска стапка на смртност и потврдени случаи на Х1Н1.
Како најдобра превенција надлежните и понатаму ја препорачуваат вакцината. Наредната недела треба да пристигнат 20 000 дози од Бакстер а судбината со вакцините од Кемофарм најверојатно ќе заврши на суд.
- Од Кемофарм избрале лош начин за комуникација со Владата. Поради нарушување на интегритетот на Министерството може ќе ги дадеме на суд. Инаку вакцини за граѓаните има и ќе има - вели Бујар Османи, министер за здравство.
На Инфективната Клиника има 73 пациенти со симптоми на грип. Шест од нив се со тешка клиничка слика, а двајца се на апарати за дишење.