Русија објави нацрт-договор за евроатлантска безбедност
30.11.2009 - 09:11
* Свет
Рускиот претседател Дмитриј Медведев објави нацрт-договор за евроатлантска безбедност со кој се предлага ограничување на способностите на руската војска еднострано да употреби сила под услов САД и нивните европски сојузници да се согласат на истото.
Нацрт-договорот со кој би се постигнало „конечно ослободување од наследството на Студената војна“ е испратен до сите релевантни лидери, соопшти Кремљ, кој предлогот го објави на својата интернет страница.
Медведев претходно изјави дека нацрт-договорот е неопходен да се заменат институциите од времето на Студената војна како НАТО кои не се способни да ги намалат тензиите во мултиполарниот свет.
Тој ги повика западните држави да учествуваат во изградба на нов безбедносен договор иако предлозите на рускиот претседател наидоа на поделени реакции на Запад.
Договорот е „законска обврска според која ниту една држава или меѓународна организација на евроатлансткото подрачје не може да ја зголеми својата безбедност на штета на безбедноста на друга држава или организација“, се вели во соопштението на Кремљ.
Со документот се потврдува улогата на Советот за безбедност на ОН како врховен арбитар во меѓународни судири. Според тој договор, секоја безбедносна мерка која ќе ја примени држава-потписник мора да ги земе предвид безбедносните интереси на сите други страни.
Кремљ наведе дека тој договор ќе биде отворен за „сите држави од евроатлантското и евроазиското подрачје од Ванкувер до Владивосток“, како и за членките на НАТО, Европската унија и поранешните советски републики.