Половина век џез- само помислете си на раскошот на таа историја.
Познатиот џез клуб Рони Скотс во Лондон полни 50 години.
Основан од англискиот саксофонист Рони Скот, во него настпуваа некои од најголемите имиња на оваа музика - Ела Фицџералд, Чад Бејкер или Мајлс Дејвис ....
Колин МекИнис некаде во доцните 50ти години ја напиша книгата 'Апсолутни почетници'...
"Џезот е прекрасна работа", вели дел од текстот, „и секој кој не лудува по џезот- е да го жалиш. Одлилчна работа во светот на џезот е тоа што можете да влезете во секој клуб и никој нема да ве праша на која класа и припаѓате", додава тој.
Тогаш во лондонско Сохо се отвареше светот на зачадените клубовите- хип место за младешката култура која се раѓаше.
И половина век подоцна, ако може да се каже дека во новото Сохо останал дел од шармот на старото- тоа е бројот 47 на Фрит стрит, таму е клубот Рони Скотс.
Кога Рони Скот почина во 1996 година, овој настан беше масовно покриен- со Рони беше поинаку оти неговото влијание ја надминуваше џез заедницата.
Клубот кој тој го поседуваше заедно со Пит Кинг беше повеќе од само место за концерти.
„Тоа е еквивалент на многу различни нешта во класичната музика. Тоа е сала за рецитали и сала за концерти, тоа е место каде што се учи џез. Некои можеби ќе речат дека Сохо баш и не може да се смета за некој арт центар на една земја, но јас мислам дека Рони Скотс е токму тоа".
Барот во Рони Скотс е свртен кон главната сцена.
Тука крај пијаното ја најдовме Селина Џоунс американска вокалистка која на џез сцената е веќе 40 години.
БиБиСи: Свиревте во Рони Скотс во 1965...Како изгледаше клубот тогаш?
„Кога дојдов изгледаше како дупка во ѕидот, како некоја биртија. А тоа сепак беше клуб, немаше чаршафи на масите, но сепак беше одаја на музиката. 50 години подоцна изгледа фантастично- Рони би се гордеел со него".