Соединетите држави соопштија дека тестирањето на проектилот кое денеска го изврши Иран, ги поткопува обидите на Техеран да докаже дека има мирољубиви намери.
Се верува дека новиот проектил може да достигне цели во Израел и во други делови на Блискиот исток.
Техеран пак соопшти дека тестираните ракети „Сеџил-2“, ќе бидат силна одбрана од евентуален напад.
Портпарол на Белата куќа рече дека активностите на Иран ќе го зголемат притисокот за тој да одговара за постојаното прекршување на меѓународните обврски околу нуклеарната програма.
Но, зошто лансирањето на „Сеџил-2“ се гледа како голема закана?
Кога минатата година Иран за прв пат ја испроба новата „Сеџил"-ракета, тоа го означи големиот напредок на земјата во нејзината воена програма.
Фамата не беше само во тоа што таа ракета имаше поголем дострел.
Се работеше за тоа дека овој проектил функционира на цврсто гориво, за разлика од веќе тестираните проектили со среден дострел и на течно гориво.
Ракетите со цврсто гориво имаат една предност- можат да бидат чувани постојано готови за лансирање.
За разлика од ова, течниот систем не може да биде чуван во самиот проектил, па така, за ракетите да се наполнат со гориво пред лансирањето може да бидат потребни и неколку часа.
Ова може да направи клучна стратегиска разлика при евентуален напад.
До сега, Иран располагаше со проектили на цврсто гориво, но тие беа со краток дострел.
По првото лансирање, западните разузнавачки служби се прашуваа дали Техеран би можел да одржи успешна тест програма.
Но всушност, како што сега може да се види, програмата за тестирање била доста обемна - овој проектил имал висок приоритет за Техеран.
Поради сево ова западот ќе има голем интерес да ги дознае резултатите од последново лансирање и што кажуваат тие за состојбата на иранскиот развој на проектили.
Околностите во кои оваа ракета се лансира секако ќе долее на напнатоста околу иранската атомска програма.