Брисел бара решение за најслабата алка
На состанокот во Брисел на лидерите од Европската Унија кој се одржува денеска и утре, се очекува да доминираат проблемите со кои се соочува грчката екониомија.
Повик
Претседателот на Европската Комисија
Жозе Мануел Баросо ги поттикнува земјите кои го користат еврото да
преземат акција за
да и помогнат на Грција.
Но, Германија која е најголемата
економија во евро-зоната пружа отпор на ваквото барање и притиска во
аранжманот да биде вклучен
Меѓународниот Монетарен Фонд.
Вчера единствената валута доживеа
остара пад на вредноста во споредба со доларот. Еврото падна поради
стравувањето дека должничките
проблеми на Грција се шират кон другите земји.
Финансиската аганеција Фич вчера го
симна кредитниот рејтинг на Португалија.
Грција
Таа не се наоѓа формално на агендата
на самитот, но Грција им е на умот на многумина.
Германските даночни обврзници
жестоко се противат, евро-зоната да го откупи долгот на земјата, па
германската канцеларка Ангела
Меркел сака Меѓународниот Монетарен Фонд да го
прееземе водството во заедничкиот пакет со Унијата.
Ова би било прв пат една земја од
евро-зоната да биде спасувана од Вашингтон, а многумина стравуваат и
дека тоа дополнително
ќе го ослабне еврото.
Претседателот на Европската комисија
ги повика лидерите да создадат безбедносна мрежа околу Атина.
Посветеност
Баросо рече дека нивниот одговор ќе
биде тест за нивната посветеност кон Европската и монетарната Унија.
За да се намали несигурноста,
Франција и Шпанија во последен миг повикаа да се оствари средба на
лидерите од евро зоната пред
или по главниот самит.
Но премиерот на Холандија тврди дека
таквиот состанок би бил ризичен.
Висок германски претставник пак рече
дека секој евентуален договор ќе мора да вклучи строги услови, за да се
избегне повторување
на грчката криза во иднина.
| |
Жозе Маануел Баросо |