На иницијатива
на ЈП „Македонски шуми“ денеска напладне во 32 града на Република
Македонија, во чест на прерано загинатата македонска и балканска ѕвезда
Тоше Проески, беа засадени по 26 садници од јапонска цреша, како симбол
на неговите 26 години живот, на неговата младост, ентузијазам и убавина.
Генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџоски,
претставници на јавното претпријатие, градоначалникот на Крушево Василчо
Дамчевски, претставници на Фондацијата „Тоше Проески“, вработени во ПШС
„Липа“ Крушево, во рамките на акцијата „Засади цреша за Тоше“ засадија
26 цреши во Крушево, кај манастирот „Св. Преображение“.
Денеска и во Охрид, како дел од акцијата која се одвиваше на ниво на
целата држава,, беа засадени 26-те цреши во чест на прерано починатата
македонска ѕвезда Тоше Проески.
Црешите во паркот на крајезерскиот кеј, ги засадија претставници
на локалната самоуправа, ЈП "Македонски шуми" и Средното угостителско
училиште "Ванчо Питошески.
ЈП "Македонски шуми" ги обезбеди сите садници. Зоран Секулоски, од
ЈП "Македонски шуми", рече дека акцијата ќе биде успешна.
- Обезбедивме 26 јапонски цреши, калемени, сите се во добра состојба и
ова е поволен период за одвивање на вакви активности. Сметам дека
споменот кон Тоше ќе биде вечен, рече Секулоски. (Крај)