Кокаин скриен во манастир
Италијанската полиција откри мафијашка група која во еден женски манастир сокрила кокаин вреден милиони долари.
Уапсени се преку 30 лица, кои се
обвинети дека внесувале дрога пред носот на калуѓерките.
Женскиот манастир во срцето на
Милано обезбедувал совршена маска за она што полицијата го опиша како
безмилосен и генијален
план.
Калуѓерките од мисијата „Свето срце
Исусово" и не сакајќи се нашле среде центарот на меѓународен синџир од
шверцери кој се
протега од Африка до Јужна Америка.
Меѓу 33 уапсени лица е и
манастирскиот домар, обвинет дека им помагал на куририте, кои се
претставувале како верници, да дојдат
во манастирот.
Плочките суров јужно-американски
кокаин биле скриени во молитвениците.
Дрогата потоа била рафинирана во
тајна лабораторија во оддалечена полска куќичка.
Шифрата за операцијата била
„Ханибал" во чест на картагинскиот генерал кој ја нападна римската
империја во третиот век пред
нашата ера.
Неговиот пат, од Африка, преку
Шпанија до Италија, во овој случај е следен од патот на дрогата,
шверцувана од Јужна Америка,
преку Африка, во не многу свет сојуз меѓу колумбиските
нарко-картели и италијанската мафијашка група Н'дрангета.
| |
Полицијата уапси повеќе од 30 лица низ градовите во северна Италија |