26.11.2010 16:51
Брутален напад на власта врз А1 Телевизија и новинарството. Демонстрација на сила како во најмрачните режими вчера имаше само една цел, да го замолчи медиумот кој не потклекна на заканите да престане објективно да информира и да го критикува владеењето на оваа гарнитура.
Но како започна се. Во зградата каде што се наоѓа А1 Телевизија, веќе два дена имаше инспектори, никој ниту им попречуваше во работата, ниту пак телевизијата известуваше за нивната активност. Проблемот почна вчера непосредно пред вестите во 19 часот, кога полицијата го ограничи излезот и влезот на новинарите од Телевизијата. Објаснување немаше.
Демонстрацијата на сила доби повеќе на интензитет, стигнаа специјалци и ја опколија Телевизијата, тоа предизвика лавина на реакции и поддршка од демократската јавност. Граѓаните пешки и со возила почнаа да пристигнуваат пред А1 Телевизија.
Пред А1 се појавија и бројни претставници на политичките партии од сите етнички заедници. Стигна ново засилување на политичките редови, а голем број на полицајци упаднаа и ги зазедоа просториите на А1 Телевизија.
Не дозволуваа никој од новинарите слободно да ја извршуваат својата работа. Влезот им беше забранет.
Отвореното студио на А1 всушност беше затворено. Многу пратеници, гости од политичката, невладини и граѓански асоцијации, кои сакаа да и дадат поддршка на А1 Телевизија беа спречени да влезат во студиото на Телевизијата. Полицијата со блокада на влезот и без објаснување не ги пропушташе да влезат.
Во отворената програма на А1 десетици јавни личности кои стигнаа до портите на А1 лично се уверија во неможноста слободно да влезат во студиото на Телевизијата.
За некои требаа асистенции на новинарите кои излегуваа за да ги спроведат до студиото.
Паралелно додека се одвиваше драмата во А1 на провладините медиуми, власта се обидуваше опсадата со стотици полициски специјалци да го оправда како поддршка за бројната инспекторска екипа, која наводно била во заложништво во А1 Телевизија.