Јапонците конструираа часовник кој прима СМС пораки
Компанијата „Цитизен“ го претстави својот
нов рачен часовник „и:ВИРТ М“ преку кој моќните бизнисмени, но и
тинејџерите кои сакаат да се забавуваат ќе можат да одржуваат контакти
со поврзување преку блутут технологијата со нивните мобилни телефони.
Рачниот часовник свети и вибрира кога на сопственикот на
неговиот мобилниот телефон ќе му пристигне СМС порака. Неговиот дисплеј
го покажува насловот на пораката и текст до 70 карактери чија големина
може да се зголеми за да се олесни читањето.
Новиот часовник, кој чини 240 евра, покажува до каде напредува
безжичната технологија во Јапонија. Малку се активностите кои јапонските
производители не ги синхронизираа со мобилните телефони, па така сега
преку нив може да се гледа телевизија, читаат романи, пишуваат школски
есеи и да се пазарува онлајн.
Портпатолот на компанијаата „Цитизен“, соопшти дека часовникот е
корисен за проверка на СМС пораките на практичен начин, како на
конференции или во преполните возови каде на луѓето може да им биде
неудобно да ги извадат своите мобилни телефони.