Германската канцеларка Ангела Меркел, денеска е во центарот на одбележувањата на 20 годишницата од падот на Берлинскиот ѕид.
Таа помина преку мостот кој беше првата точка на која луѓето од Источна преминуваа во Западна Германија.
Меркел беше придружена од поранешниот советски лидер Михаил Горбачов и Лех Валенса, поранешниот претседател на синдикатот во Полска кој подоцна стана претседател на земјата.
Претходно Меркел, која порасна во источна Германија, во телевизиско интервју рече дека единството во земјата сеуште не е остварено оти има разлики во економскиот развој во поранешните два дела.
Падот на ѕидот
Светските водачи се денеска им се придружија на илјадниците луѓе на одбележувањето на 20 години од падот на Берлинскиот ѕид, настан кој го отвори патот за окончување на Студената војна.
Главните прослави во градот се одржуваат Брандербушката порта - симболот на германското повторно обединување во 1990.
Низ Берлин има џиновски домина насликани од млади автори , кои вечерва ќе бидат турнати за се долови впечатокот како комунистичките влади во Источна Европа паѓаа една по друга во 1989-та.
Комунистичка Источна Германија го подигна 155 километри долгиот бетонски ѕид во 1961 како брана околу Западен Берлин.
Тој беше поставен за да ги спречи Источните Германци да избегаат во капиталистичката енклава.
Се верува дека Повеќе од 100 лица беа убиени на Ѕидот при обидите да избегаат.
Бариерата неочекувано беше отворена на 9 ноември 1989, по неколкунеделните про-демократски процеси.
Во меѓувреме, Гинтер Шабовски, поранешен источно-германски функционер чии површни јавни изјави нашироко се сметаат дека водеа кон
уривање на Ѕидот, призна дека имало недоразбирање со неговиот партиски шеф Егон Кренц околу соопштението за новите правила за патување за источно-Германците.
Тој за БиБиСи рече дека не жали за неговата таканаречена груба грешка бидејќи тоа довело до мирно обединување на поделената Германија.
„Историја во живо“
Германскиот канцелар Ангела Меркел, која израсна во Источна Германија,минатата седмица, рече дека падот на Ѕидот бил „најсреќниот ден во поновата историја на Германија“.
Меѓу поканетите се и францускиот претседател Никола Саркози, британскиот премиер Гордон Браун и американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
Со нив се и:
Поранешниот полски претседател Лех Валенса, кој го предводеше синдикатот Солидарност против комунистичкиот режим.
Поранешниот унгарски премиер Миклош Немет, чие решение да ги отвори границите на неговата земја им овозможи на источно-Германците да можат да пребегаат на западот.
„Нов поттик“
„Историјата тука е допирлива и жива. Мирната револуција со падот на Ѕидот пред 20 години го отвори патот за невидена трансформација на Берлина“, рече градоначалникот Клаус Воверејт.
Подоцна вечерва ќе почне голем концерт со музичари од целиот свет.
Вечер пред прославите, г-ѓа Клинтон повика на нов напор за ослободување на луѓето кои што се уште се угнетувани.
„Нашата историја не заврши со ноќта кога падна Ѕидот“, рече таа.
„За да ја рашириме слободата, не смееме да прифатиме дека таа не им припаѓа на сите народи.“