Во Кина денеска ќе почне да сообраќа најбрзиот воз во светот, кој ќе се движи со 350 километри на час.
Првите две патнички композиции денеска ќе поминат по новата линија која ги поврзува Вхан, главниот град на провинцијата Хубеј, Централна Кина со главниот град на провинцијата Гуандун, Гуанчоу. Новата железничка линија со должина од над 1.000 километри ќе го скрати времето на патување од 10 на три часа.
Слични железнички линии има во Јапонија, во Германија и во Франција, но возовите по нив се движат со просечна брзина од 277 километри на час.
Првиот патнички супербрз воз во Кина сообраќа меѓу Шангај и Ханчоу, од јануари 2007 година. Тој се движи со брзина од 250 километри на час.