На преминот од 2009 во 2010 година во светот ќе живеат седум милијарди луѓе бидејќи минатата година бројот на жители на планетата Земја е зголемен за 83 милиони, објави германската Фондација за населението во светот.
Според тие прогнози, на 1 јануари 2010 година на Земјата ќе живеат 6.834.509.600 жители.
Во 2009 година во светот според тие податоци секои десет секунди се раѓаат во просек по 26 бебиња.
Најбрзо расте бројот на жители во Африка каде веќе минатото лето е надмината цифрата од милијарда луѓе.
Фондацијата апелираше до германската Влада да издвои многу повеќе пари во проекти за планирање семејства во земјите во развој. Таа инвестиција според нив, ќе се исплати бидејќи така луѓето имаат реална шанса да избегнат долгорочен глад и сиромаштија.
Во соопштението се наведува пресметка на Фондот на ОН за прашање на популацијата (УНФПА) дека едно евро кое ќе се вложи во планирање семејство ќе заштеди 31 евра за довод на питка вода, за здравство или школство.
Бројот на луѓе на Земјата беше шест милијарди луѓе во крајот на 1998 година. Се очекува до средината на овој век на Земјата да живеат девет милијарди луѓе.