Македонија доби препорака од Европската комисија за почетak на преговорите за полноправно членство во Европската унија.
Комисијата смета дека земјата во голем дел ги задоволува копенхагеншките критериуми.
Евро-комесарот за проширување Оли Рен на конференцијата за печатот по повод објавувањето на годишниот извештај за напредокот на аспирантите за членство, рече дека земјата остварила уверлив напредок и дека суштински се посветила на реформите.
-„Јас на ова би гледал и како на силно охрабрување за да се реши проблемот со името и тоа веќе да се тргне од агендата. Верувам дека владата во Скопје ќе ја добие оваа порака", рече Рен.
Но тој додаде и дека владата во Скопје ќе го сфати ова како охрабрување за да го разреши спорот за името во спорот со Грција.
Рен рече дека затворањето на проблемот со името е поитно од кога било до сега за европската иднина на земјата.
Во годишниот извештај за напредокот на Македонија Комисијата вели дека одржувањето на добрососедските односи вклучително и наоѓање прифатливо решение за името е од суштествена важност.

Македонија веќе неколку години има статус на земја-кандидат за членство, но до сега не е препорачан датум за отпочнување на преговарачкиот процес.
БиБиСи разговараше со Светлана Јовановска, дописник на весникот „Дневник" од Брисел и најнапред ја праша дали Македонија ќе мора да го реши прашањето за името со Грција за да добие покана за членство?