Викендот во Македонија беше одбележан со брзото решавање на, за државата, клучните прашања со Косово.
На итна седница на парламентот во саботата навечер се затворија и прашањето за границата и се воспоставија дипломатски односи.
Документот за воспоставување дипломатски односи беше потпишан откако Спогодбата за демаркација на границата доби потврда од парламентите во Скопје и во Приштина.
Обвинувања
Не оспорувајќи ја важноста на затворањето на границата, опозицијата обвини дека, спротивно на Уставот, власта тргува со македонска територија и дека отстапила над 650 метри.
-„Знаете како изгледа тоа? Живеете во една куќа и балконот го отстапувате. Зошто? За да ги земете џбуновите позади. Балконот си го отстапувате, клучната точка на нашата северна граница."
Топографските карти се’ уште не се изложени, а според документот доставен во Собранието, Македонија добива 160 метри повеќе на Шар Планина, а Косово 155 метри кај селото Дебалде кај Кодра Фура.
Според владејачкото мнозинство, со овој документ се врши само физичка демаркација која што не ја менува границата, а и премиерот Никола Груевски се обиде да ја увери јавноста во тоа.
-„Нема никаква причина за било какво стравување, затоа што со овој договор, државата не губи ниту еден милиметар од територијата. Никогаш, по никоја цена не би потпишал нешто со што би изгубиле еден милиметар, а камоли нешто повеќе од територијата на Република Македонија.“
Сепак, според најавите на опозицијата, и овој договор ќе го разгледува Уставниот Суд, бидејќи доколку постои измена на границата за повеќе од 150 метри, документот треба да добие потврда од двотретинско мнозинство во парламентот, а не како сега да е донесен со обично мнозинство.
Пофалби
Договорот викендов беше поздравен од меѓународните претставници во Македонија и Косово, како и од косовската влада.
Косовскиот министер за надворешни работи Скендер Хисени, во интервју за БиБиСи, изјави дека со воспоставувањето на дипломатски односи со Република Македонија се потврдува дека независноста на Косово створило ново чувство и нова клима на безбедност, стабилност и соработка во регионот:
-„Ова значи дека односите меѓу Република Македонија и Република Косово за многу нешта ќе бидат клучен показател за поинакви текови на Западниот Балкан.“
Но реакцијата на Белград беше негативна. Вук Јеремиќ е српски министер за надворешни работи:
Мора да бидеме свесни, а се чини дека државниците во Србија не се свесни за тоа, дека македонската безбедност и економија во последниве две децении се повеќе поврзана со Косово, отколку со Србија.
Душан Јањиќ, Комитет за етнички односи
-„Сметаме дека одлуката е за жалење и дека тоа е одлука која секако ќе има последици врз односите на нашите две држави. Мислам дека нема никаква смисла да се преговара за границите на Србија со кој било друг ентитет, освен со владата на Република Србија во Белград. Сите оние кои што сакаат да разговараат за границата, на крајот ќе мораат да дојдат во Белград и да разговараат со единствениот правен, легитимен соговорник, а тоа е демократски избраната влада на Република Србија", рече Јеремиќ.
Фактичка состојба
Душан Јањиќ, координатор на комитетот за етнички односи во Белград, толкувајќи ги случувањата од минатиот викенд, ги посочи фактичките состојби на теренот:
-„Мора да бидеме свесни, а се чини дека државниците во Србија не се свесни за тоа, дека македонската безбедност и економија во последниве две децении се повеќе поврзана со Косово, отколку со Србија. Тоа не е проблем само на македонската влада - тоа е проблем на политиката што од Милошевиќ до денес се води кон Скопје и воопшто кон регионот", вели Душан Јањиќ, координатор на комитетот за етнички односи во Белград.