За само три месеци, светските лидери ќе се соберат во Копенхаген во обид да постигнат долгорочна спогодба за климатските промени.
Таа треба значително да ги намали количествата издувни гасови и да го забави глобалното загревање.
Но во многу делови од светот, климата не е проблем на иднината туку на денешницата.
Таква е и швајцарската област Јунгфрау, заштитена од УНЕСКО.
-„Сега сме поблиску до ледникот но се' уште не се гледа, или да кажам поточно, веќе не се гледа“.
Современо планинарење
Ова може да го наречете планинарење во стил на 21 век. Далеку над селото Гринделвалд, на прекрасен ден, Каспар Мели од институтот за климатски промени од универзитетот во Берн покажува мала направа.
-„Ја нарекувам климатски водич за Јунгфрау. Сакавме да им покажеме на луѓето дека климата се менува, дека последиците може да се видат, дека се случува тука и сега, така што да ги направиме позагрижени за целиот проблем“.
Каспар и неговите колеги развија направа која користи модерна технологија: „ај-фон" со „џи-пи-ес", кој ве води долж неколку „климатски" планинарски патеки.
На различни точки, телефонот ви дава аудио-визуелен материјал со кој можете да го споредите глечерот пред вас, на пример како изгледал пред 150 години.
Но ако го посетевме пред 150 или 200 години, оттука ќе имавме прекрасен поглед на крајот од ледникот како ја досега долината.
По половина час утринско пешачење, полека излегувајќи од сенката на сонце, се пружа прекрасен поглед. Оттука се гледа глечерот.
-„Да, или она што останало од него. Тој допираше се' дотука на почетокот од 19 век. И сега е убав но многу помал. Целиот алпски венец е погоден од климатските промени, но особено оваа област е многу интересна бидејќи има многу природни опасности заради климатските промени кои може да се најдат тука“.
Пад
Всушност се гледа дека карпите драматично паѓаат, делумно затоа што вечниот мраз веќе не ги држи камењата заедно.
-„Да, мислам дека ова се случува мошне редовно. Само замислете дека тука сте имале патека и нема да можете да ја користите со недели. Всушност, во оваа област, можеби на два километри оттука, мораа да изградат дополнителен тунел поради одроните, бидејќи еден дел стана преопасен, така што мораа да ја приспособат мрежата од патеки на новата реалност“.
А карпите не се единствената опасност: ледникот што се топи значи вода, и тоа многу. Таа се слева во долината толку брзо што заличува на порој.
Ако глечерското езеро стотици метри подолу се преполни, ќе има голема поплава. Затоа тукашната заедница вложува речиси 15 милиони долари во еден проект за безбедна патека за планинската вода. Нилс Хелен е одговорниот инженер:
-„Имаме проблем со ова езеро кое се зголемува секоја година, а потоа имаме раширени поплави кога се празни. Затоа ги градиме овие тунели, да го снижиме нивото на езерото. Ова е добар пример за последиците на глобалното загревање. Со топењето на ледникот, езерото се полни, а со тоа се зголемува и опасноста“.
Швајцарија, алпи
Тоа не се вести што би очекувале да бидат поздравени од туристичкото биро. Локалното стопанство зависи од тоа посетителите да уживаат а не да се грижат дали ќе доживеат поплава или некоја карпа да им падне на глава.
Така, туристичкото биро на Алпите промовира климатски водичи. Семи Салм од бирото во Гринделвалд:
-„Тука може да видите што и' се случува на природата, на нашите планини. Навистина може да ја подигнеме свеста кај секое лице за тоа што всушност се случува во природата а исто така можеби и да ги направиме почувствителни луѓето на нивното секојдневно однесување, за тоа како да ги користат ресурсите“.
Заштита
Низ целите Алпи, мерките за заштита се спроведуваат за да се заштитат месните жители но и туристите од последиците на климатските промени.
Столбовите на жичниците, некогаш темелени во замрзнатиот слој, сега мора да се обноват, браните за поплави мора да се изградат во долините, патиштата за планинарење да се скршнат, така што трошоците може да се покачат на милијарди.
Не е за чудење што луѓето сакаат да испратат порака, дури и ако тоа не е баш она што сакаат да го чујат и туристите.