Канцеларијата на Мајкрософт во Македонија денеска го презентира новиот компаниски оперативен систем Windows 7, кој на пазарот ќе биде достапен во шест верзии.
- Станува збор за оперативен систем наследник на подолга низа оперативни системи, од кој имаме огромни очекувања и кој треба да го олесни начинот на кој работат корисниците. Ќе биде побрз, подоверлив и побезбеден, со нови начини на интеракција со корисникот, рече на денешната прес-конференција Илијанчо Гаговски, директор на канцеларијата на Мајкрософт во Македонија.
Според Гаговски, новиот систем не бара системски ресурси од претходните, што треба да овозможи негово брзо усвојување. - Добро работи со компјутер со работна меморија од еден гигабајт. Ќе може да се инсталира на голем дел од компјутерите без да се промени хардверот. Со Windows 7 ќе може да комуницирате и преку екранот, а не само преку глувчето, објасни Гаговски и додаде дека цената ќе биде објавена дополнително во текот на денов, но оти ќе се движи во рамки на досегашните.
Според Гаговски, преводот на Windows 7 на македонски јазик е во тек и ќе биде готов за неколку месеци. Се изготвува во соработка со Институтот за македонски јазик.