Во пет фестивалски денови на различни локации во Скопје од денеска до 26 октомври ќе се одржи 28-миот „Скопски џез фестивал“.
На отворањето во Домот на АРМ вечер ќе настапи триото „The Skopje connection“. Ден потоа ќе биде одржана вечер наречена „Жените во џезот“ на која ќе настапат пијанистката и композиторка Аки Такасе од Германија, скандинавката Мерлин Мазур, како и „Микеле Полга“, квартетот од Италија.
На 24 октомври во Универзална сала ќе настапат триото од САД „Бред Мелдау“, американскиот квинтет „Џејмс Картер“ и Хозе Џејмс од Њујорк.
Во Македонската опера и балет на 25 октомври ќе настапат норвешките џезери Арве Хенриксен и Јан Бенг, како и американскиот композитор и трубач Џон Хасел. Вечерта е предвидена за една од водечките фигури во современата бразилска музика Чико Пињеиро.
Фестивалот ќе биде затворен во Универзалната сала со настап на гостите од САД, групата „Power of Three“ составена од џезерите Чик Кореа, Стенли Кларк и Лени Вајт.
Годинашното издание на фестивалот финансиски е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје, а спонзориран од T-Mobile.