Со камери и аларми Македонската православна црква ќе се брани од крадците кои сè почесто ги пустошат храмовите во охридско-струшкиот регион.
Од Управата за заштита на културното наследство пак сметаат дека многу повеќе треба да се вложат напори за едукација на луѓето и за подигнување на нивната свест околу важноста од зачувување на црковните артефакти а не да се поставуваат вакви уреди.
Сепак светските искуства говорат дека по сите објекти ширум светот тие се поставуваат.
Стотина камери и алармни уреди МПЦ ќе постави по црквите и другите верски објекти во регионот на Охрид и Струга од кои за само три месеци беа украдени повеќе од 80 икони и други вредни предмети кои потекнуваат од 18 и 19 век, а сторителите за полицијата и понатаму се непознати.
Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј, под чија надлежност се и верските објекти во Охрид и Струга, кажа дека дополнително ќе бидат ангажирани и чуварски служби кои деноноќно би се грижеле за објектите:
-„Ние исто така ќе преземеме чекори, највредното што е по црквите и манастирите да се собере во еден центар во епархијата. Струшките икони во галеријата на струшката црква, а охридските икони во една од црквите кои ќе бидат побезбедни. Таму од кај што ќе се земат ќе бидат направени копии, а онаму каде ќе бидат изложени ќе стои натпис дека се сопственост на таа црква.“
Директорот на Управата за културно и историско наследство, Паско Кузман, смета дека евентуалното поставување на овие уреди ке ја наруши автентичноста во црквите и манастирите:
-„Ако се ставени некаде каде што не треба, каде што пречат на пример, кај иконостасот, кај иконите, кај фрескоживописот, ќе ја наруши сигурно автентичноста на црквата. Сметам дека за тоа треба да ангажираат стручни лица.“
Но владиката Тимотеј не се согласува со Кузман:
Соборната црква во Скопје
-„Можеби ќе се наруши автентичноста, но подобро да се наруши некој сегмент отколку да ги немаме. Сега кога се преземаат чекори ни кажуваат дека ќе се нарушела автентичноста.“
За историчарот на уметноста Миџаит Положани, ваквиот чекор на МПЦ е неопходен бидејки било крајно време заштитата на верските објекти да се подигне на повисоко ниво:
-„Тој чекор сметам дека до некаде ќе делува превентивно, бидејки ќе се задоволи само техничкиот аспект. Мислам дека кражбите ќе се налат но нема да се спречат целосно, бидејки државата треба се’ уште поенергично да дејствува. Го имам предвид начинот на кој се изведуваат кражбите бидејќи тие не се одделни, зад тие кои крадат мислам дека стојат луѓе кои се влијателни во државната власт. Ова е многу добро, но се разбира дека нема да биде доволно. Државата мора да тргне од сопствените редови бидејќи во кражбите директно се инволвирани лица од државните институции.“
Засега Плаошник е една од ретките цркви во Македонија која и во моментов е обезбедена со модерен алармен систем, ист онаков како што за обезбедување на сопствените филијали и трезори користат и банките во земјава, велат од МПЦ.
Светските искуства говорат дека по сите објекти ширум светот се поставени вакви уреди.
Во Москва, во црквата на Христос Спасителот не може да се влезе без пред тоа да се претресе секој кој што влегува во неа.
Слични мерки за безбедност се користат и во верските објекти и музеи во сите религиски центри ширум светот.
НАЈНОВИ ВЕСТИ
Атина објави рамки за идната надворешна политика
Со камери против кражбите на икони
Гершвин во нова верзија
Недостиг од помош во храна за Северна Кореа