Поради достапноста на евтини, илегални цигари, зависници од пушење стануваат и деца.
Ова го вели претставник на Агенцијата за трговски стандарди, која се обидува да го запре се' поголемиот проблем од „куќите за препродажба", главно во сиромашни делови, каде криумчарените цигари се продаваат поевтино од пазарната цена.
Законските произведувачи на цигари проценуваат дека една четвртина од цигарите испушени во Велика Британија, се увезени нелегално и се продаваат без вклучен данок.
Сега претставниците на Агенцијата за трговски стандарди велат дека забележуваат загрижувачки нов тренд на луѓе кои продаваат шверцувани цигари од сопствените домови.
Ричард Фери е од Агенција за трговски стандарди на североистокот од земјата:
-„Речиси 30% од децата под 18 години, признаваат дека купуваат евтини и незаконски цигари. Тоа значи дека тие започнуваат порано да пушат, пушат повеќе и знаат дека ќе можат да ги продадат цигарите затоа што на луѓето кои продаваат од овие куќи не им е важно кому продаваат."
Сепак, британската погранични служби тврдат дека се намалил обемот на незаконски цигари на пазарот, но Агенцијата за трговски стандарди вели дека „куќите на шверцот" се недостапни за полицијата и тие можеби ќе создадат нова генерација пушачи.
Постојат три видови производи од овие „црноберзијански куќи": цигари од фри-шопови, најчесто за лична употреба, фалсификувани верзии од добро познати брендови и евтино произведени цигари за нелегалниот пазар.
Познавачите велат дека поради рецесијата, илегалниот пазар на цигари се' уште е многу силен бидејќи луѓето сакаат да купуваат производи по пониска цена.