Лидерите на Европската унија се собираат денеска во Брисел, на средба која треба да ги реши разликите околу тоа како да се финансира новиот договор за климатските промени и како да се заврши ратификацијата на лисабонскиот договор.
Членките и натаму се поделени околу тоа колку која треба да плати за да им помогне на земјите во развој да се свртат кон почисти технологии во борба против глобалното загревање.
Вчера, данскиот премир Ларс Локе Расмусен, чија земја е домаќин на декемврискиот климатски самит во Копенхаген, рече дека не верува оти е можно да се постигне законски обврзувачко меѓународно решение за намалување на издувните гасови.
Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, сепак изјави дека декемврискиот самит се' уште може да биде успешен дури и ако договорите не се обврзувачки, се' додека подробностите може да се усогласат подоцна.

Последњи изменио Ambasador дана Thu Oct 29, 2009 6:13 pm. измењено укупно 1 пута