Словенија вчера во европските институции предложила укинување на визите за жителите на Македонија, Србија и Црна Гора уште на 19-ти декември.
Портпаролот на словенечкото министерство за надворешни работи рече дека се уште претсојат некои процедури во Европскиот парламент.
„Ние не гледаме проблем со тоа и визите ќе бидат укинати пред божиќните празници", рече портпаролот Урош Маковец.
Тој уште додаде дека никој не се спротивставил на предлогот и оти може да се очекува дека визите ќе бидат укинати на 19-ти декември.
Европската Комисија веќе препорача укинување на визите од 1 јануари 2010-та, но со словенечкиот предлог, државјаните на Македонија, Србија и Црна Гора „би добиле божиќен подарок“.