Тежок прекин на енергија ги фрли двата најголеми градови во Бразил во неколкучасовна темница.
Сао Паоло и Рио де Жанеиро останаа без метро, јавно осветлување и други критични потреби, а десетици милиони луѓе сношти главно седеа крај запалени свеќи.
Илјадници патници на подземната железница мораа да пешачат по шините за да дојдат до станиците.
Прекинот дојде нешто по 22 часот по локално време и потраја неколку часа пред дотокот да биде обновен.
На улиците беа разместени дополнителен број полицајци за да се сопре бранот криминал.
Властите веруваат дека прекинот се случил заради грешка на џиновската хидро-електрична брана Итаипу која влијаела и врз снабдувањето во соседен Парагвај.
Системот изгуби 17 илјади мегавати откако електраната излезе од фаза, веројатно поради бура а директорот на Итаипу рече дека таа го загубила целото производство.