Во Франција денеска ќе започне судењето околу единствената несреќа на авионот „Конкорд".
Американската компанија „Континентал“ и уште петмина други лица се обвинети за убиство од небрежност.
Истрагата заклучи дека несреќата од јули 2000 била предизвикана од парче метал од авион ДЦ-10 на „Континентал“, кој полетал од аеродромот „Шарл де Гол" неколку минути пред „Конкордот".
Надзвучниот авион налетал на металот што предизвика пожар на крилото и моторот по кој авионот се урна, а загинаа вкупно 113 луѓе.
109 беа на летот 4590 додека уште четворица загинаа во хотелот во кој се урна авионот.
Повеќето жртви беа германски туристи кои оделе за Њујорк и понатаму на луксузно крстосување по Карибите. Деветмината членови на екипажот беа Французи.
„Конкордот“ се движел многу брзо за да можел да застане на пистата откако бил забележан пожарот, така што пилотите морале да полетаат, но само две минути подоцна се урнаа во гратчето Гонес.
Сепак, адвокатите на „Континентал“ велат оти можат да докажат дека „Конкордот“ не бил добар за лет и дека пожарот почнал уште пред да налета на металот.
Целата флота беше приземјена додека истрагата не утврди дека пукнала една од гумите која потоа го пробила резервоарот за гориво.
Авионот одново полета во ноември 2001, по речиси година и пол нелетање, со нов зајакнат резервоар, но истрагата продолжи.
Во 2003, „Ер-Франс" и „Бритиш ервејс" ја повлекоа флотата од овие надзвучни авиони.