Потребни состојки:
* 2 лажица/ци Масло
* 250 милилитри Вода
* 500 грама Брашно
* малку Сол
* Време за подготовка: 20 мин.
* Време за готвење: 0 мин.
* Коментар: нема коментар
* Сподели
Краток текст:
Тесто за пити (виткани пити) - основен рецепт
Подготвување:
Од брашното, маслото и млаката вода со малку сол, замесете тесто. Продолжете да го месите со раце во садот во кој сте го замесиле сè додека самото тесто не почне да се двои од прстите. Тогаш ставете го на штица за месење, предходно попрскана со брашно и поделете го на два дела. Секој дел месете го посебно сè додека не добиете глатко тесто, а потоа двете така добиени теста развлечете ги со сукало во кругови од 15 см.
Премачкајте ги двете кори со масло и оставете ги да стојат еден час. Стоеното тесто развлечете го преку масата покриена со чист чаршав. Кога ќе го развлечете тестото, отстранете го здебелените делови на краевите и премесете ги така што да добиете тесто за уште една кора. Развлечената кора оставете ја малку да се исуши, потоа виткајте ја со гил или сечете ја, а потоа виткајте ги добиените кори по ваша желба.
Квалитетот на корите зависи, во прв ред, од квалитетот на брашното кое сте го употребиле за месење.