28.01.2011 12:21
Власта ја затвора А1 Телевизија. Вчера на барање на обвинителството блокирани се сметките на Телевизијата, но и на Плус продукција под чија капа се дневните весници „Време“, „Шпиц“ и „Коха е Ре“.
Во прашање е доведен опстанокот на А1. Класичен атак врз слободата на говорот, удар врз демократијата и обид за замолчување да не се презентираат реалните состојби во земјата.
А1 вчеравечер, но и денеска зрачи од пред владата новинарите на А1, „Време“, „Шпиц“ „Коха е Ре“ и техничкиот персонал вчера беа таму од каде се емитуваа вестите.
„Денешниот потег ја потврдува единствената намера на владата да ги замолчи нашите новинари“, вели Горан Петрески.
Удар врз демократијата е блокирањето на сметките, ќе рече главниот уредник на А1, Младен Чадиковски.
„Целта на сета оваа акција што се правеше околу „Перо Наков“ всушност беше Телевизијата и само Телевизијата и нејзино замолчување. Кога тоа го кажувавме на 25 ноември, можеби некој не сакаше тоа така да го разбере, иако и самите владини претставници ни кажуваа дека сакаат А1 да биде цел.
-Да А1 е денеска цел, денеска два месеци потоа веќе е сосема јасно целта на целата оваа кампања и акција е да се замолчи медиумот, да не му се дозволи нормално да функционира и кога сме ние во такви услови, одлучивме тука под отворено небо, пред владата која е главен креатор на целата оваа акција, да го изразиме својот револт и да покажеме дека и покрај се ние ќе останеме тука, нема да замолчиме бидејќи наша основна цел е да информираме и тоа да информираме објективно и вистинито за состојбите во земјата“, изјави Младен Чадиковски, главен и одговорен уредник на А1 Телевизија.
Вести на отворено со отворена поддршка од гледачите. Во студиото на А1 остана само Чомовски. Згаснаа рефлекторите во студиото.
„Секогаш бевме убедени дека не води една демократска промисла, тоа во овој момент, во ова студио, со овие мерки е загрозено. Искрено речено бев убеден во првиот момент на 25. ноември дека веројатно грешевме професионално но, не згрешивме во инстинктот, во обидувањето дека А1 и демократијата се мета на замолчување.
-Се замолчи ли слободата на гласот, слободата на зборот, како што тоа го кажа во едно интервју нашиот филозоф Ферид Мухиќ - нема демократија. Нема ли демократија во оваа држава? Не верувам дека може да има мултиетнички живот, дека може да има пазарна економија, слободна економија.
-За жал, ќе ви кажам дека обидите да се замолчи А1 нема да успеат. Се надевам и дека овој обид кои моите колеги ги гаснат рефлекторите по завршувањето на емисиите, нема да се остварат.
- А1 дури и во темница ќе направи обид да зрачи“, рече Александар Чомовски, новинар.
А1 предупреди дека целта на власта е обид за замолчување на медиумот. Со соопштение се јави владата, протестот пред зградата бил за да се остварат лични и политички интереси на поединци и партии.
Вчера пред седиштето на владата потсетуваме дека немаше никој освен вработени во медиумите и искрени поддржувачи на А1 Телевизија и демократските процеси во земјава.
Денеска голем број странски медиуми се интересираа за новонастаната ситуација - поддршката за А1 стасува од сите страни.