„Вахабизмот на Балканот под контрола“
На Балканот се активни
вахабисти, на Косово и во организирани групи, но засега не претставуваат
закана за безедноста, оценуваат аналитичари во регионот.
Велат дека се прави грешка што се изедначуваат со радикални исламисти.
Вахабистите ги дефинираат како луѓе
кои на насилен начин сакаат да го наметнат своето толкување на Исламот.
„Во моментов нема опасност
таканаречениот вахабизам да го дестабилизира Балканот“, едногласни се
аналитичарите во Македонија,
Косово и во Албанија, држави во кои има големи муслимански заедници.
„Без поддршка“
Една од причините, според нив, е што вахабистите немаат широка поддршка кај верниците.
Сепак во Косово дејствуваат поврзано, смета Кренар Гаши од Косовскиот институт за политичко истражување и развој.
Тој укажува дека властите во Приштина засега ги држат под контрола.
„Има одредени групи организирани во одредени џамии кои што спроведуваат различен вид учење, би го нарекол
вахабистичко, а не радикално исламско, кои што се организирани низ
Косово. Она што ме загрижува е што тие дејствуваат вон контролата на Исламската заедница. "
Дали имаат некаква политичка поддршка?
„Тие се изолирани групи и не верувам дека имаат какви било политички врски, особено не со актуалната власт во Приштина", додава Гаши.
Сотираќ Хрони, извршен директот на Институтот за демократија и посредништво од Тирана, оценува дека во
Албанија нема плодна почва за вахабизмот.
Тврдењето го темели на резултати од неодамнешна анкета што ја спровеле.
„Истражувањето покажува дека само една третина од населението е религиозно. Сме имале различни знаци на
радикален ислам кај млади луѓе, образовани во исламските и во арапските држави.
Се обидуваа и со политички ангажман, но уставот не дозволува партии формирани на религизна основа."
Македонскиот аналитичар Суад Мисини укажува на разликата меѓу вахабизмот и радикалниот ислам, кои често,
според него, по грешка се изедначуваат.
Евроатлантска ориентација
И едните и другите имаат сопствено толкување на Исламот, но вахабистите користат насилни методи за да го
наметнат, појаснува Мисини.
„Не мислам дека во Македонија се возможни ситуации каде што вакво или онакво толкување на исламот би
прераснало во политичка идеологија којашто би довела во ситуација во којашто некој би зел оружје и би почнал да наметнува ставови по насилен пат."
И исламските активисти во Македонија
сметаат дека нема закана од вахабизмот. За БиБиСи зборува Сали Шасивари
од Младинскиот
исламски форум.
„Ваквите обиди нема да најдат плодно
тло на Балканот, а особено не кај Албанците во Македонија и пошироко.
Ориентациајата
на Албанците и на муслиманите од Балканот е стриктно
евроатлантска и тие се гледаат себеси како дел од западната култура“,
вели Шасивари.
Проблемот со вахабизмот во
Македонија се актуелизира во последно време откако Исламската верска
заедница го призна неговото постоење во неколку џамии, кои не се под нејзина контрола.
Властите не го коментираат ова.
Некои аналитичари случајот го оценија како меѓупартиска пресметка на
партиите на етничките Албанците за превласт над верниците муслимани.
| |
Вахабисти во Македонија контролираат џамии на ИВ |